Стипендии 2018

февруари 01, 2018
ББ Училиштето секоја година доделува различни стипендии за балетко образование на сите оние
кои сакаат да танцуваат и да бидат дел од нашето среќно семејство.
  • Следејќи ја својата визија за остварување на соништата на сите деца и млади и создавање на свет во кој тие ќе имаат можност да се изразуваат преку танц. 

    Годишни стипендии

    Започнувајќи од 2016 година, секоја година ББ Училиштетo доделува целосна годишна стипендија за балетски часови на еден ученик кој најмногу се истакнал и напреднал во текот на изминатата учебна година. Стипендијата се доделува врз основа на резултатите од годишното тестирање кое го спроведуваат надворешни соработници – истакнати балетски уметници. Свеченото доделување на стипендијата е пред почетокот на годишниот концерт, секоја тековна година.

    Посебни стипендии

    ББ Училиштето доделува целосни балетски стипендии за ученици од ранливи категории во текот на целата учебна година.
    На тој начин овозможува балетското образование и балетската уметност да бидат достапни за секое дете кое има желба да танцува и да
    го оствари својот сон. Покрај балетското образование стипендиите се однесуваат и за месечните вон-курикуларни активности, кои ќе им овозможат на стипендистите да се стекнат со знаење за различни видови на танцови форми, театарска игра, ликовни уметности и музичка уметност.

    Меѓународни стипендии

    Нашата продукција и училиште во соработка со своите партнери доделува меѓународни стипендии во 2018 година. За повеќе информации прочитајте ТУКА!

    Годишни Стипендии за момчиња

    Фондацијата за момчиња обезбедува целосни стипендии за балетски часови како и соодветна балетска опрема за часовите, за сите момчиња кои ја сакаат балетската уметност.
    За повеќе информации прочитајте ТУКА!