За ББ Училиште

BULLFROGS BALLET SCHOOL
  • ББ Училиштето е интернационално балетско училиште, основано во 2009 година од страна на Александра Никифоровски. Училиштето спроведува високо квалитетна балетска настава за деца и млади по наставната програма „Ваганова” поделена во предбалетско, основно и средно ниво на образование. Во своето повеќегодишно постоење , во училиштето се едуцирани преку 800 ученици.

     Мисија и визија

    ББ Училиштето се стреми да стане приватно сертифицирано балетско училиште во Македонија. Има за цел да ја издигне балетската уметност и културата на здраво живеење на повиско ниво . Преку инклузивна и мултикултурна средина, училиштето овозможува динамичен развој на личноста нагласувајќи ги дисциплината, упорноста и истрајноста.

    На учениците им е овозможено во текот на изучувањето на програмата, да бидат дел од актуелните балетските продукции. На крајот на едукативниот процес, доколку учениците се одлучат професионално да делуваат во балетската уметност, имаат можност да станат дел од ББ Продукцијата.