•  
    Датум: 14.10.2019. – 18.10.2019
    Локација: Bullfrogs Ballet School
    Предавач: Елисавета Кушевска
    Времетраење: 90 минути

    Соработката со врвни професионалци од балетската уметност од Македонија е од особено значење за издигнување на квалитетот на балетското образование во Bullfrogs Ballet School. Од таа причина во годишната програма за 2019 година предвиден е мастер клас со професор Елисавета Кушовска- истакнат балетски педагог.

    Мастер класот ќе трае 5 дена по 90 минути.

    Аплицирањето ќе биде исклучиво по пат на online апликација со видео материјал кој најдобро ги покажува компетенциите на заинтересираните учесници. Потоа поради ограничениот број на места, со конкретно наведени критериуми ќе бидат селектирани 20 учесници, кои ќе бидат поделени според возраста и балетското искуство во две групи по 10 учесници.

    Овој мастер клас е наменет за ученици по класичен балет од основно и средно ниво на балетско образование на возраст од 10-16 години.
    Ученици на возраст од возраст од 10 -12 години треба да имаат минимум 3 години предбалетско и 2 години основно балетско образование.
    Ученици постари од 15 години потребно е да имаат минимим 3 предбалетско, 4 години основно и 2 години средно балетско образование.

    Учество во работилницата чини 1.000,00 денари.

    • пристап до квалитетно балетско образование на талентирани деца и млади

    • поттикнување на децата и младите да посетуваат неформално образование од областа на културата;

    • доближување на европскиот пристап во балетското образование до децата и младите балетски уметници во Македонијa;

    • реализирање на активности кои ќе ја збогатат соработката со други организации и независни уметници од државата и странство;

    Елисавета Кушовска била долгогодишен професор во средното балетско училиште Илија Николовски Луј од чии што калси произлегле голем број ученици – денеска врвни балерини и балетани на Македонската Опера и балет.
    Таа учествувала во измена и подготовка на разни наставни планови и програм во државното балетско училиште, а на нејзин прелог по долга пауза повторно се воведени полугодишните контролни испити по Класичен балет.
    Кушовска има добиено голем број дипломи, награди и признанија за педагошката дејност како и за постигнати успеси во негувањето на млади балетски кадри.Воедно таа е стручен соработник на Bullfrogs Ballet School.

    АПЛИКАЦИЈА
    * Ве молиме пополнете ги полињата со кирилична поддршка!


    Дата на раѓање:


    ББ Програма 2019:

    Учесникот е дел од Bullfrogs Ballet School:

    учесникот не се школува во ББСучесникот веќе се школува во ББС


    Прикачи видео-запис (доколку е наведено во активноста за која аплицирате)


    Информации за родителот: