Фондација за момчиња

BULLFROGS BALLET PRODUCTION
  • Фондација за момчиња

    ВИСТИНСКИТЕ МОМЧИЊА ТАНЦУВААТ

    Булфрогс Фондацијата за момчиња е основана во 2014 година од тимот на ББС, со цел да обезбеди финансиски средства за одржување и непречено функционирање на балетска програма наменета исклучиво за момчиња.

    Фондацијата за момчиња обезбедува целосни стипендии за балетски часови како и соодветна балетска опрема за часовите, за сите момчиња кои ја сакаат балетската уметност.

    Преку кршење на стереотипите кај младите дека балетот е танц само за девојки, идејата зад Фондацијата е да ги охрабри и поддржи младите момчиња кои ја сакаат балетската уметност, да започнат со балетско образование и да развиваат балетска кариера, во средина која нагласува напорна работа, посветеност, фокус и можности за континуиран напредок.

    Програмата за момчиња се базира на курикулум за почетници, составен според високи европски и светски балетски стандарди, а наменет за балетски почетници. Часовите за момчиња се под раководство на истакнатиот балетски солист и дипломиран балетски педагог – Игор Веланоски. Дополнително, со момчињата ќе работи и педагог од ББС кој е задолжен за часови за флексибилност и растегнување.

    Групата брои максимум 10 ученици, за да може секој од нив да добие подеднакво внимание од педагогот.

    Согласно начелата за работа на Bullgrofs Ballet School, се очекува момчињата кои се дел од оваа програма активно да учествуваат во сите балетски продукции и рецитали на училиштето.

    За повеќе информации информирајте се на contact@bbschool.mk или на нашите телефони 02 3080 325 и 070 221 790.

    АПЛИКАЦИЈА
    * Ве молиме пополнете ги полињата со кирилична поддршка!


    Дата на раѓање:

    Избор на стипендија

    Колку пати неделно ќе посетува курс:


    Група:

    Вид на упис:

    стипендистот за прв пат се запишува во ББСстипендистот веќе се школува во ББС


    Прикачи видео-запис (Дозволена големина на видеото 15mb)


    Контакт информации: