• Годишната програма на Bullfrogs Ballet School и Bullfrogs Ballet Production и оваа година се води под мотото Живеј го животот во петта позиција, како мото кое е директно врзано со балетската уметност, нејзиниот раст, развој и квалитет. Идеата позади овогодинешната програма е да се овозможи квалитетното балетското образование и балетската уметност да бидат достапни за младите кои имаат
    особен талент.
    За таа цел годишната програма за 2019 година опфаќа редовни часови по класичен балет пет дена во неделата и месечни вон-курикуларни активности преку кои учениците ќе имаат можност да посетат мастер класови под менторство на врвни професори од земјата и странство,
    ќе учествуваат во меѓународни настапи, балетски претстави и летни балетски школи.

    Петтата позиција е една од најчесто користените балетски позиции во сценските танцови движења. Тоа е онаа позиција која треба да ја живееме. Таа треба да ни дозволи да излеземе од четирите ѕидови и да го покажеме нашето знаење пред пошироката публика. Петтата позиција  е почетокот и крајот за сите големи скокови и вртоглави, а сепак хармонични движења кои го даваат сјајот на танцот како целина.

    Оваа програма е наменета првенствено за учениците на Bullfrogs Ballet School, но овозможува и вклучување на останати заинтересирани учесници.

    Преку целокупната годишна едукативна програма, овој проект цели кон:

    • приближување на културата до децата и младите и нивно поттикнување да дејствуваат во различните сфери и области од културата.
    • Развој и унапредување на дејностите од областа на културата
    • Афирмирање на млади уметници и автори кои всупшност се носители на вон-курикуларните активности да создаваат културни содржини во мотивирачка и поттикнувачка средина која нагласува прецизност, посветеност и квалитет
    • Зголемување на достапноста на културните добра и вредности до граѓаните, бидејќи сите вон-курикуларните активности од годишната програма се достапни до сите заинтересирани деца и млади од Скопје.
    • Воспоставување на партнерски меѓународни проекти, преку спроведување на активностите под менторство на странски балетски педагози и кореографи.

    Доколку сте заинтересирани и сакате да го живеете животот во петта позиција, проследете ги деталните описи на сите активности во текот на оваа 2019 година.