Работилница со д-р Снежана Филиповска

април 12, 2018

Во рамките на проектот “Живеј го животот во петта позиција”, кој претставува годишна програма за балетско и креативно образование, под менторство на стручни педагози, се одржа работилница за методика на класичен балет во две различни возрасни и групи под менторство на д-р Снежана Филиповска.

  •                                                                                                                                                                                       На учениците како и на педагозите во училиштето им претставуваше огромно задоловство да проследат мастер класови со реномиран балетски педагог од кои можат помладите генерации да го зголемат своето знаење. Д-р Снежана Филиповскае доктор по балетска педагогија, како и вонреден професор на Факултетот за музичка уметност- отсек балетска педагогија. Воедно таа е стручен соработник на Bullfrogs Ballet School.

    Родена во Скопје – Македонија , 1951 година. Во 1970 година завршила балетско училиште и гимназија. Од 1970 година е солист во балетската компанија при Македонскиот народен театар. Во 1973 година станува студентка на државниот институт за театарска уметност во Москва – Русија. Во 1978 година со решение на Државната испитна комисија  го добива звањето по специјалност   педагог – балетмастер. Со особено решение на Државната испитна комисија  го добива звањето – Магистер по уметност. Од 1993 до 1997 година е Уметнички директор во Балетот при Македонскиот народен  театар. Во 1993 година со решение на Високата атестациона  комиссии при Советот на  Министри на СССР добива  диплома  – Доктор на науки. Doctor of philosophy (Ph.D) in art sciences.

    Како балерина , ги има остварено главните улоги во класичните балетски претстави : „Жизела„ , „Дон Кихот„, „Силфиди„  „Мирандолина„  „Легенди за љубовта„, „Петар Пан„, солистичките улоги во „Охридска легенда„, „Танц на кадети„, „Рејмонда„  „Лебедово езеро„ и многу национални и модерни балети. 

    Како кореограф поставува свои кореографии,  во  балетски делови на оперите : „Аида„, „Евгениј Оњегин„, „Бал под маски„, „Норма„итн.
    Соработува со интенационални кореографи во својство на асистент кореограф при подготовката на класичните балетски претстави : „Лебедово езеро„, „Жизела„, „Бајадерка„, „Силфиди„, „Корсар„, „Дон Кихот„, „Легенди за љубовта„, „Есмералда„, „Шехерезада„, „Оревокршачка„, „Рајмонда„.

    Во однос на балетската професија, нејзиниот втор интерес е сврзан со  балетската театрологија.  Таа ги има напишано книгите: „Историја на балетската уметност„ и „Доајените на македонскиот балет„.

    Таа при Руската Академија за Театарски Уметности ја одбрани својата докторска дисертација  „Особеноста на развојот на македонскиот балет„. 
    За доприносот во развојот на заедничката уметничка соработка меѓу Музичкиот театар во Москва именуван по Станиславски и Номирович-Данченско и Македонската Опера и Балет, на Филиповска Снежана и е дадена посебна  благодарница од Дирекцијата на Балетот во театарот Станиславски. 

    Образованието и искуството од сорабтката со познатите професори на Руската театарска Академија во Москва и овозможуваат да ги пренесе важните принципи  во предавањата на специјалните предмети од професионалната балетска уметност. На Факултетот за музичка уметности при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Доц. Д-р Филиповска го предава предметот – Историја на балетската уметност.

    Повеќе информации за годишната програма можете да прочитате ТУКА.

Повик за апликации за годишни стипендии6та Научна конференција Алма Матер во Марибор, Словенија