• Програма на летна балетска школа

    Датум: 20.06.2019 – 14.07.2019

    Локација за тренинг: ОУ. Св.Климент Охридски – Охрид

    Времетраење: 3 смени по 8 дена

    I смена:   20.06.2019 – 27.06.2019

    II смена:  28.06.2019 – 05.07.2019

    III смена: 07.07.2019 – 14.07.2019

    Краен рок за аплицирање во сите нивоа од летните школи е 1 јуни во тековната година.

    Секоја година Bullforgs Ballet Production реализира три интернационални летни балетски школи наменети за деца и млади балетски уметници во Охрид, Македонија. Bullfrogs летните балетски школи се под водство на уметничкиот директор, додека секоја годниа се поканети различни педагози за реализирање на програмата.

    Програмате е поделена на 3 целини:

    • Едукативен дел, кој опфаќа часови по класичен балет, техника на балетски развој, современ танц и часови за подобрување на флексибилноста.
    • Креативен дел, кој опфаќа креативни работилници за потикнување на учениците да се изразуваат преку различни ликовни и уметнички техники.
    • Рекреативен дел: – време за дружење и неформални активности (прошетки низ градот, посета на значајни места, но и денови предвидени за плажа)

    Целта на овие балетски школи е за време на летниот период да не се наруши континуитетот на целогодишното вежбање на учениците, но и меѓусебно дружење и запознавање.

    До сега се реализирани 11 летни балетски школи со вкупна посетеност од 300 учесници.

    Програмата за летната школа е адаптирана според возраста и знаењето на
    учениците. Часовите се дизајнирани да ги предизвикаат учениците да ги развиваат
    нивната музикалност, артистичко изразување и балетските еполмани, како и да го
    издигнат своето ниво на танцување повисоко. Се работи на дополнително зајакнување
    на корпусот, нозете и стапалата, на посветеноста и уметничкиот интегритет на
    учениците. Во зависност од возраста и балетското искуство, часовите вклучуваат
    различно ниво на комплексност на комбинации на вежби и движења, а се воведуваат и
    основни вежби на шпиц патики во рамките на часовите по класичен балет (за оние
    ученици кои се спремни за тоа).

    КЛАСИЧЕН БАЛЕТ
    Часовите по класичен балет на летните школи се фокусирани на правилно
    поставување на телото на учениците за понатамошни нивоа. Се раотат различни
    техники, од Floor Barre – која е исклучително важна за зајакнување на абдоминалните
    и грбните мускули, вежби на балетска палка и вежбите кои се работат во средина на
    салата. Вежбите за креативно движење, танцување и координација служат како
    основа за понатамошнен физички и когнитивен развој на учениците. Се изучуваат и
    конкретни балетски парчиња и кратки кореографии.

    АКТЕРСКА ИГРА
    Целта на оваа програмата е балетските играчи преку изучување на вежбите од
    актерска игра, да се здобијат со креативност, да ја развијат својата фантазија,
    експресивност, свест за себе и партнерите, да постигнат јасна емотивна изразност
    и создавање на визуелно јасни и чисти слики. Преку актерски етиди во кои
    претежно се користи телото како инструмент за пренесување на информација,
    карактер, содржина, односи со партнери и емоции, да се дојде до создавање на
    најсоодветни надворешни облици на израз. Преку различни вежби, актерската
    игра помага во развивање, усовршување и дооформувањето на еден балетски уметник.
    Програмата за актерска игра се состои од теоретско предавање за актерска игра, каде
    ќе бидат објаснети суштинските карактеристики и како таа е тесно поврзана со
    балетската уметност. Исто така во овие часови ќе се воведуваат вежби за изучување
    на одредени техники за пренесување на емоции, карактер, содржина и дејство,
    развивање на фантазија и работа со партнер.

    ТЕХНИКА ЗА БАЛЕТСКИ РАЗВОЈ (ПБТ)
    ПБТ е иновативна програма која им овозможува на учениците да ја разберат важноста
    и суштината на мускулната меморија, за постигнување на лични успеси во класичниот
    балет. Самата техника предвидува работење со топки,кои поради нивната мобилна
    природа ги тераат учениците да се фокусираат на одржување на баланс, но и на
    правилно поставување на телото, развивајќи мускулна меморија за класичните
    балетски вежби. Техниката вклучува и корективни вежби за искривувања во грбот и
    нозете.

    РАСТЕГНУВАЊЕ И ФЛЕКСИБИЛНОСТ
    Часовите за растегнување се дизајнирани да ја подобрат флексибилноста на
    учениците но и да ја зајакнат нивната мускулатура, за полесно изведување на вежбите
    во класичниот балет и другите танцови форми.

    КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ
    Покрај едукативниот дел се оджуваат и креативни работилници кои ги потикнуваат
    учениците да се изразуваат преку различни ликовни и уметнички техники.

    07:30 – 09:00 Будење и појадок

    09:30 – 11:00 Класичен балет

    11:00 – 11:30 Пауза

    11:30 – 12:30 Техника за балетски развој (ПБТ) или растегнување и флексибилност

    12:30 – 13:30 Ужина и Одмор

    13:30 – 15:00 Креативна работилница

    15:00 – 16:00 Ручек

    16:00 – 18:00 Време за слободни активности

    16:00 – 18:00 Актерска игра

    19:30 – 20:30 Вечера

    20:30 – 22:30 Вечерни активности (прошетка низ Охрид, игри од забавен карактер, филм…)

    ОПШТИ УСЛОВИ

    Секој ученик кој има полни 5,5 години има можност да биде дел од летната балетска школа. Програмата е создадена соодветно со балетското искуство и возраста на учесниците.
    За учество во Летната балетска школа потребно е да се пополни апликациониот формулар, како и да се уплати депозит за резервација на местото.

    Краен рок за аплицирање е 01 мај во тековната година

    Важно е апликацијата да биде детално пополнета и да содржи точни информации во врска со алергии и/или специфичен вид на храна која му е потребна на ученикот.
    По затворање на апликациите, но не подоцна од 15 мај во тековната година, ќе добиете повратна информација за потврда на учеството на ученикот на летната школа, како ифактура за уплата на депозитот.

    ОТКАЖУВАЊЕ НА УЧЕСТВО

    Во случај на откажување на учеството на детето, постои можност за рефундирање на уплатените средства во следните рокови:

    Доколку учеството биде откажано најдоцна 20 дена пред почетокот на летната школа за која аплицирате (односно најдоцна до 31 мај), на апликантот му се враќа целосен износ од депозитот, а доколку учеството биде откажано во рок пократок од 30 дена пред почетокот на летната школа, организаторот го задржува полниот износ на депозитот.

    НАДОМЕСТОК И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

    Вкупниот надомест за целата летна балетска школа изснесува 12.800 МКД.

    Депозитот за резервација на место на летната школа изнесува 4.200 МКД.
    и е неопходно да биде уплатен во рок од 10 дена по добивање на информацијата за учество за да се резервира местото на детето.
    За остатокот од надоместокот за летната школа ќе Ви биде испратена фактура во месец јуни, која е потребно да биде уплатена најдоцна пет работни дена пред почетокот на терминот на летната школа.

    Во цената на балетската школа е вклучено:

    – 7 ноќевања;
    – Храна (3 оброци и 2 ужинки во текот на денот);
    – Флаширана вода преку целиот ден;
    – Превоз на релација Скопје – Охрид – Скопје;
    – Превоз од сместувањето до градот (1 или 2 пати дневно зависно од смената);
    – Школарината за балетските тренинзи;
    – Опрема и реквизити за вежбање (топки, тегови, ластици за тегнење).

    ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

    Секој учесник на летната школа може да порача брендирана балетска облека од училиштето, која ќе биде направена за летната балетска школа.
    Доколку сте заинтересирани да порачате балетска облека, во апликацијата пополнете го полето: „Нарачка на балетска опрема“ и внесете податоци за величина на конфекциски број на вашето дете.
    Цената на балетската облека не влегува во вкупниот надомест за балетската школа и истата не е задолжителна.

    – Балетски шорцеви Grishko: 1500 МКД
    – Брендирана Bullfrogs Summer Ballet School маичка: 500 МКД
    – Брендиран Bullfrogs Summer Ballet School дуксер: 1000 МКД
    – Меки балетски патики Grishko: 1200 МКД
    – Шпиц патики Grishko: 2800 МКД

    Класичен балет

    Александра Никифоровски во текот на својот живот активно изучува класичен балет од врвни балетски педагози во Македонија. Во 2005 година работи како асистент по модерен балет во Културно информативен центар „Сцена”. Во 2006 година таа го продолжува своето балетско образование на балетската Академија СИБА во Салзбург – Австрија. Истата година таа е дел од Атинската Seresta Dance Company. Од 2009 година го продолжува своето образование кај врвни педагози – поранешната примабалерина Јагода Славева и поранешниот истакнат солист Елена Митевска од Македонската Опера и Балет. Во 2007 година работи како балетски педагог по класичен балет во балетско студио „Туту”. Пренесување на своето знаење и балетска техника е една од најјаките особини и затоа таа се одлучува во 2009 година да го основа балетското училиште Bullfrogs Ballet School каде работи како балетски педагог и кореограф. Во девет годишното работење со деца, Алексансдра има едуцирано преку 800 ученици. Низ годините Александра постојано се стреми кон напредување на својата професионална компетентност. Таа во 2017 година, во Атина посетува обука за техника за балетски развој (Progressing ballet technique) со цел да овозможи уште поквалитетно балетско образование за своите ученици. Оваа година таа ќе магистрира на Факултетот за музичка уметност – отсек балетска педагогија.

    Класичен балет

    Ева Џингова своето балетско образование го започнува на пет годишна возраст во државно музичкиот и балетски училишен центар Илија Николовски Луј. Во класата на проф. Сања Шутевска завршува нижо а подоцна и средно образование. Сега е студент на Факултетот за музичка уметност, при Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’, на катедрата за балетска педагогија. Во улога на наставник по балет за прв пат се стекнува во балетското училиште ‘Reverans’ . Меѓувреме, по завршувањето на матурските испити, хонорарно е вклучена во ансамблот на Македонската опера и балет. Во 2018 станува дел од ‘Bullfrogs ballet school’.

    Растегнување и флексибилност

    Јоана Стојчевска тренира ритмичка гимнастика од 5 годишна возраст во спортскиот клуб „Наум Наумовски Борче“ во Скопје. Во текот на својата 10 годишна кариера има учествувано на повеќе од 40 државни натпревари, и била дел од македонската репрезентација на повеќе меѓународни и балкански натпревари. Таа е повеќекратен државен првак на Македонија во ритмичка гимнастика, а во 2006 година Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија ја прогласува за најдобра ритмичарка во својата категорија. Во склоп на тренинзите по гимнастика зема дополнителни часови по класичен балет, додека активно започнува да се занимава со балет во 2008 година. Од основањето на Bullfrogs Ballet School во 2009 година, Јоана своето балетско образование го продолжува таму. Таа станува дел од ансамблот во балетските престави: „И жената знае да вози“, „Тесеракт“ и „Аметист“. Во 2010 година Јоана станува асистент на часовите по класичен балет на почетните групи. Во 2015 година своето знаење и искуство од ритмичката гимнастика го пренесува на учениците во форма посебни часови за подобрување на флексибилноста. Во 2015 година Јоана посетува работилница за флексибилност водена од Даша Совик – руски тренер за флексибилност. Во 2016 година посетува семинар за флексибилност во Пула- Хрватска, одржана од повеќе странски инструктори. Во 2017 година започнува да тренира Aerial sling. Во 2018 година Јоана посетува обука за флексибилност за водушни спортови (Flexibility for pole and aerial) и станува сертифициран инструктор на Spin City.

    Актерска игра

    Бојан Лазаров е роден на 29.04.1991 година во Штип. Во 2009 година го завршува своето средно образование во ДМУЦ„Сергеј Михајлов“ во Штип, инструментален отсек – пијано.
    Од 2009 до 2013 е редовен студент на одделот за Драмски актери на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на Професор Владимир Милчин. За време на студиите е дел од повеќе работилници во Македонија, Германија, Франција, Италија, Русија…
    Дипломира со дипломската претставата „Прогонот и убиството на Жан-Пол Мара во изведба на трупата на дипломците“, со просек 9.59 и се здобива со стручно звање Дипломиран актер.
    Пројавува посебен интерес во областа на сценските движења и танци, па како помагател во настава по предметот Сценски движења и танци на Факултетот за драмски уметности, активно се вклучува во учебната 2014/15 година. Како актер кој покажува особен талент во движењето на сцена и танците, тој е повикан од приватното балетско училиште „Bullfrogs Ballet School“ да биде дел од неколку претстави, а потоа и како инструктор по глума во истото.
    Во декември 2016 успешно го брани магистерскиот труд, под менторство на Професор Кренаре Невзати – Кери, со наслов „Улогата на предметот Сценски движења и танци на патот кон телесна артикулација на идните актери“ и од 2017 година е Доцент по предметот Сценски движења и танци на Факултетот за Драмски Уметности.
    Во својата кариера е дел од повеќе театарски и танцови проекти, како актер, режисер и кореограф, меѓу кои: „А што потоа?“, „Ени“, „Соочување“, „Библијата“, „Мои песни, мои сништа“, „Сонот на Вилијам“, „Ивица, Марица и Летечкото прасе“, „Систем ерор“, „Шах-мат љубов моја“ итн.
    Бојан Лазаров е доцент на Факултетот за драмски уметности по предметот сценски движења и танци. Воедно, тој е и долгогодишен стручен соработник за актерска игра на Bullfrogs Ballet School. Тој ужива во работата со деца и млади и несебично го пренесува своето знаење.

    Сместувањето е во вила „Лаура“– Охрид. Вилата се наоѓа во населба Лескоец, оддалечена околу 3 километри од пристаништето и живописната Охридска чаршија. Секоја соба има бања, чиста постелнина и пешкири, а самата вила има дворна површина од околу 1000 м2, летниковец и многу зеленило. Кабелска телевизија и WI-FI се на располагање на учесниците.


    Како да стигнете до летната школа




    АПЛИКАЦИЈА ЗА ЛЕТНА БАЛЕТСКА ШКОЛА

    Ве молиме користете кирилична поддршка при пополнување на овој формулар

    Дата на раѓање:

    Одберете го терминот за посета на летната школа

    Балетска опрема по избор (не е задолжително)