Ние, повеќе од деца

BULLFROGS BALLET PRODUCTION
  • Соработката помеѓу Bullfrogs Ballet School и јавна установа „Дом 11 октомври” започнува во 2011 година. Оваа соработка се заснова на едукација на деца од оваа јавна установа во областа на балетската уметност. Децата штитеници на домот кои се вклучени во оваа програма посетуваат редовна, квалитетна балетска настава, дополнителни програмски активности и работилници и се дел од балетските продукции на Bullfrogs.

    Целта е во иднина дел од овие деца професионално да се определат за дејствување во балетската култура и уметност.

    Воедно преку оваа соработка им се овозможува социјализирање со врсници од различни етнички и социјални групи, што е од особена важност за нивната социјализација и развој. Преку различните активности, децата и младите развиваат дисциплина, истрајност, упорност и почитување на своите врсници како клучни особини и вредности.

    Преку оваа соработка Bullfrogs ја нагласува својата општествената одговорност.