Реализирани балетски школи

BULLFROGS BALLET SCHOOL
  • Секоја година Bullfrogs Ballet Production реализира три интернационални летни балетски школи наменети за деца и млади балетски уметници во Охрид, Македонија.

    Bullfrogs летните балетски школи се под водство на уметничкиот директор, додека секоја годниа се поканети различни педагози за реализирање на програмата.

    Програмате е поделена на 3 целини:

    • ЕДУКАТИВЕН ДЕЛ, кој опфаќа часови по класичен балет, техника на балетски развој, современ танц и часови за подобрување на флексибилноста.
    • КРЕАТИВЕН ДЕЛ, кој опфаќа креативни работилници за потикнување на учениците да се изразуваат преку различни ликовни и уметнички техники.
    • РЕКРЕАТИВЕН ДЕЛ: – време за дружење и неформални активности (прошетки низ градот, посета на значајни места, но и денови предвидени за плажа)

    Целта на овие балетски школи е за време на летниот период да не се наруши континуитетот на целогодишното вежбање на учениците, но и меѓусебно дружење и запознавање.

    До сега се реализирани 9 летни балетски школи со вкупна посетеност од 200 учесници.