Нашите простории

BULLFROGS BALLET SCHOOL
  • Студиото на ББ Училиштето е местото каде ја создаваме нашата приказна и ја споделуваме со сите оние кои сакаат да се дел од неа.

    Во моментов, ББ Училиштето има две сали со димензии 70m²  и 45 m², кои се опремени за да одговорат на потребите за реализирање на балетска настава. Секоја сала има своја гардероба и тоалет.

    Мислиме и на родителите и пријателите!

    ББ Училиштето има посебен простор предвиден за најблиските, кои во секое време можете директно да го следат балетскиот час на еден од мониторите поставени во фоајето. Во фоајето се наоѓа и информативен пулт каде во секое време можете да добиете информации за нашите програми и проекти, како и за новостите поврзани со работењето на ББ Училиштето и ББ Продукцијата.

    Составен дел од ББ Училиштето е и креативниот центар на ББ Продукција, каде се изработуваат дел од додатоците на костими, сценографија и разни реквизити за продукциите на Булфрогс.

     

    Сакате да го изнајмите просторот?

    Дознајте повеќе информации околу условите за изнајмување на нашето студио на contact@bbschool.mk.