Повик за апликации за годишни стипендии

февруари 26, 2018
Bullfrogs Ballet School и Bullfrogs Ballet Production,
 со поддршка од Град Скопје доделуваат 4 стипендии
 на момчиња и девојчиња за балетско образование,
во времетраење од една учебна година.
  •                                                                                                                                                                                           Стипендиите се доделуваат за девојчиња на возраст од 9 до 15 години и за момчиња на возраст од 7 до 10 години.

    Повикот за аплицирање за стипендии е отворен за сите талентирани деца кои имаат желба да танцуваат и да се образуваат во средина која потенцира квалитетно образование и поттикнува креативност, инклузивност и дисциплина.

    Повеќе за балетското образование можете да прочитате ТУКА.

    Аплицирајте ТУКА, најдоцна до 9 март 2018 година.

    При аплицирањето потребно е да прикачите видео-запис според насоките на овој линк.

    Врз основа на видео-записот, селекцијата на стипендисти ќе ја спроведе комисија составена од педагози од Bullfrogs Ballet School и надворешни соработници. Најдоцна десет дена по Вашето аплицирање, на нашата веб страна ќе бидат објавени стипендистите.

    Овие стипендии се доделуваат во рамки на проектот “Живеј го животот во петта позиција”, кој претставува годишна програма за балетско и креативно образование, под менторство на стручни педагози.  Покрај редовната балетска настава, програмата вклучува месечни вон-курикуларни активности, кои ќе им овозможат на стипендистите да се стекнат со знаење за различни видови на танцови форми, театарска игра, ликовни уметности, музичка уметност. Активностите вклучуваат работилници за креативно изразување, летни балетски школи, изложби. Покрај овие активности, стипендистите ќе имаат можност да учествуваат во сите јавни настапи, меѓународни фестивали на кои ќе учествува училиштето, балетски рецитали и професионални балетски продукции. Повеќе информации за годишната програма можете да прочитате ТУКА.

Одлична атмосфера на Саботанц со Теута КрасниќиРаботилница со д-р Снежана Филиповска