•  

  • Секоја од различните наставни програми во Bullfrogs Ballet School е внимателно подготвена за да одговори на возраста, знаењето и протребите на учениците. Часовите за предбалетско образование се базирани на Floor Barre техниката на Мариа Феј, а надополнети со игри и танцови движења за развој на креативноста и подготовка на учениците за влез во повисоките нивоа.

    Наставните програми на Bullfrogs Ballet School за класичен балет од нивоата предбалет III до VIII одделение ја следат техниката Ваганова, развиена помеѓу 1916 и 1948 година од руската балерина и педагог Агрипина Ј. Ваганова. Оваа техника ги комбинира најдобрите аспекти на разни стилови, вградени во кохерентен систем за класичен балет. Техниката е дизајнирана да го вклучи целото тело, овозможувајќи им на балетските играчи голем опсег на движења и изразување. Посебно внимание се посветува на корпусот, дозволувајќи хармонија и координација на сите делови на телото, за да се танцува без напор.
    Ваганова посветила голем дел од своето време да развие конкретни упатства за предавање на овој метод, особено за она што се учи, колку долго и колку многу, а сето тоа е пропратено со објаснувања за целта и причината за секоја вежба за учениците. Чекорите во наставната програма се развиваат за да се овозможи прогресија, при што секој студент мора да ги совладува основните и подготвителните форми, пред да продолжи со потешки и сложени форми.

    Преминувањето во следното ниво не секогаш може и да се случи од година во година, бидејќи балетските часови немаат еднаков прогрес како класичните и формални училишни часови. Може да се случи одреден ученик да биде две години во истото ниво пред да може да премине во следното. Ваквата пракса се заснова на напорите на Bullfrogs Ballet School сите ученици од една група да имаат исто ниво на знаење.
    Напредувањето по нивоа во ББС се заснова на повеќе фактори, меѓу кои посветеноста, присуството, зрелоста, совладаната програма и талентот на учениците. Способноста на учениците да го совладаат материјалот е поважна од било што друго, па дури и од годините. Напредување по нивоа може да се случи во било кое време во текот на семестарот, но најчесто тоа се прави на крајот од секоја учебна година.

    Балетска облека за учениците од  ББ Училиште

    Соодветната балетска облека е задолжителна за сите ученици на ББ Училиштето и истата може да се набави во самото училиште. Секоја група има брендирано балетско трико во одредена боја и меки балетски патики, додека за момчињата се предвидени брендирани кратки црни панталони, бела маичка и меки балетски патики. За повеќе информации околу соодветната опрема за секоја група, контактирајте го Вашиот педагог.

    Балетската опрема може да ја набавите во училиштето или тука.