Балетски мастер клас со Емилиано Пиколи

февруари 17, 2020

***

“Балетски мастер клас со Емилиано Пиколи” е проект за зајакнување и подигање на балетската уметност на повисоко ниво кај децата и младите во Град Скопје.

 


  •                                                                                                                                                                                    

    Датум: 28.02.20.- 29.02.2020.
    Локација: Bullfrogs Ballet School
    Предавач: Емилијано Пиколи
    Времетраење: 2 дена
    Последен датум за аплицирање: 24.02.2020
    Датум на објавување на примените учесници: 25.02.2020

    Овој мастер клас е дизајниран за дополнување на редовните балетски часови и подигање на балетското образование во Македонија на уште повисоко ниво.
    Емилијано Пиколи е еден од врвните европски професори по класичен балет преку кој сакаме да го доближиме европскиот пристап кон балетското образование, како и европската балетска култура до талентираните млади ученици.

    Пријавувањето се врши преку онлајн апликација. За аплицирање кликнете ТУКА 

    Овој мастер клас е наменет за ученици по класичен балет од основно и средно ниво на балетско образование на возраст од 8-18 годишна возраст кои посетуваат настава најмалку 8 часови  неделно.

    Групите се поселени на следниот начин: 

    1. Група 1, Петок од 15:00-17:00 часот
                       Сабота од 15:00-17:00 часот
    Возраст: од 8 до 10 години
     
    2. Група 2, Петок од 16:45-18:45 часот
                       Сабота од 16:45-18:45 часот
    Возраст: од 11 до 14 години
     
    3. Група 3. Петок од 18:30-20:30 часот
                       Сабота од 18:30-20:30 часот
    Возраст: од 15 до 18 години
     
    Цената за мастер класот изнесува 1.500 денари.
     
    Повеќе за Емилиано Пиколи прочитајте ТУКА
     

    Мастер класот е поддржан од Град Скопје.

“5,6,7 СЕГА!” – проект за средношколци