• Премиера на балетот "Танцот на кадетите"

    Танцот на кадетите е балет во еден чин, во кореографија на Дејвид Лишин, прв пат поставен на 1 март 1940 година во Театар Ројал во Сиднеј, Австралија.  Дејствието се одвива во женско училиште во Австрија околу 1840-тата година и ја раскажува приказната за матурскиот бал во училиштето, каде преку танц и комични ситуации се пренесува приказната за првата средба помеѓу младите девојки и кадетите, како и првата романса помеѓу главните ликови во балетската претстава.

    Синопсис

    Матурскиот бал во женското училиште треба да започне, на кој се поканети и кадетите од блиската воена академија, за заедно да го прослават матурирањето на сениорките. На почетокот девојките се подготвуваат и разубавуваат, додека директорката ги набљудува. Потоа пристигнуваат кадетите предводени од нивниот генерал. Започнуваат симпатичните и разни подметнувања на похрабрите кон посрамежливите кадети кои немаат храброст да ги поканат матурантките да танцуваат на почетокот на танцувањето. Додека матурскиот бал се одвива, Генералот и се додворува на директорката, а девојките им приредуваат на кадетите серија на танци во разни форми, вклучувајќи и танц на Вилата низ која е прикажан сонот на младите.  Една од матурантките и најхрабриот кадет започнуваат да танцуваат.

    По серијата на танци, Генералот и директорката ги испраќаат девојките и кадетите на вечера. Откако балот завршува, матурантката со кики репчиња и еден од помладите кадети се искраднуваат од групата за повторно да се сретнат. Но нивните романтични планови се расипани од Генералот и директорката, кои исто така имаат договор да се сретнат по заминувањето на девојките и кадетите. Откако двата пара изненадно се сретнуваат и судираат во салонот, директорката ја испраќа матурантката, а Генералот го „подбира“ кадетот.

    Александра Никифоровски

    Александра Никифоровски има долгогодишно искуство како балетски педагог и кореограф. Нејзиното кореографско портфолио ги вклучува: „И жената знае да вози“, „Аметист“, „Тесеракт“, „Моите песни, моите соништа“, „Ени“, „Тарантела“, „Лебедово езеро“, „Сон на летната ноќ“.

    Дејвид Лишин

    Дејвид Лишин е американски артист, балет-мајстор и педагог. Се школувал кај Л.Н. Егорова, Б.Ф. Нижинска, Танцувал во трупата на И. Л. Рубинштејн и трупата на А.П. Павлова и бил солист во Балет Рус од Монте Карло, како и во американскиот Балет Театар. Во 1953 имал своја трупа во Лос Анџелес. Играл во балетите на Џ. Баланшин, Л.Ф. Мјасина и така натаму. Во 1933 дебитира како балет-мајстор во поставките Франческа да Римини, Блуден син, Матурски бал (Танц на кадетите).

    Кореографија: Александра Никифоровски, според Дејвид Лишин

    Асистенти на кореографија: Елена Митевска, Надица Цикарска Ристеска, Кристина Димовска, Џој Стаут

    Репетитор: д-р проф. Снежана Филиповска

    Музика: Јохан Штраус

    Актерска игра: Бојан Лазаров

    Изработка на костим: Сузана Булбуловска

    Дизајн на шминка: Снежана А. Живковска

    Дизајн на фризура: Адела Сали

    Дизајн на светло: Дарко Младеновски

    Дизајн на плакат: Марк Јанура

    ББТим: Јоана Стојчевска, Анастасија Б. Васиќ, Блашка Миева, Маријана Китаноска, Кристина Димовска, Александра Никифоровски

    Главни улоги:

    Директорка: Надица Цикарска Ристеска

    Генерал: Томислав Давидовски

    Матурантка со кики репчиња: Керолајн Бутемeр

    Вила: Јана Трпковска

    Балерини натпреварувачки: Анастасија Саша Тофоска, Бистра Младеновска

    Церемонијална мајсторка: Андреа Ѓошева

    Главни кадети: Срна Керметчиева, Нина Ханафин, Миа Атанасовска

    Главни помлади ученички: Ива Јарчевски, Матеа Дамева, Софија Пановска, Ивана Ралев, Мирна Марина, Дарија Дамеска, Катја Атанасовска, Ева Трајковска, Софија Делова, Дарија Мандариќ, Илина Иванова, Ива Мојсеова, Елеонора Китановска

    Главни помлади кадети: Елени Трпковска, Идил Су Арслан, Аника Андоновска, Ивана Алексова, Илина Дамеска, Калина Гоцевска, Мила Трпковска, Надја Валид Фатхи, Миа Џонова,      Михаела Христова, Михаела Петковиќ, Павел Трпковски, Виктор Христовски

    Девојки: Ели Кејт Бутемер, Николовска Ива, Дора Лазаревска, Кијара Зекир, Зана Жута, Инес Муминовиќ, Елена Василевска, Стела Куситасеска, Катја Велков, Антониа Николоска, Марија Видески

    Барабанџии: Софија Христовска, Каја Илиевска, Софија Тодорова, Вања Поп Тонева, Ева Радуловиќ, Јана Крстевска, Јована Стрезовска, Андреа Стојковиќ, Бела Јаневски, Меланија Кимовска, Илина Коларска, Лина Петковска, Ања Ивановска, Ина-Калина Китановска, Андреа Војданоска, Деа Дракуловска

    Купидони: Луција Голомеиќ, Јана Беќарски, Калина Угриноска, Ана Овчаров, Ѓорѓина Ѓорѓиева, Неда Станковска, Мила Панчевска, Тамара Ѓоревска, Лидиа Бутемер, Енуaра Балажи, Меглена Мартиноска, Kaтја Јаневска, Хана Лазаревска, Катја Наунчевска, Јана Трајковска

    Ангели: Лана Петрушевска,  Ева Илиевска, Надја Иљов, Сузи Евросимовкса, Деа Брзовска, Михаела Галеска, Кристабелл Филиповски, Нина Трајковски, Дуња Никифоровски, Матја Милан, Лили Самак, Илина Чекорова, Кира Самак, Викторија Ризова, Викторија Делова, Лина Амзоска, Лара Аркадија

     

     

    Фотографии од премиера

    Фотографии позади сцена