Годишна програма 2018

февруари 01, 2018
Тимот на Bullfrogs Ballet Production и Bullfrogs Ballet School за оваа 2018 година создадоа годишна 
програма под името Живеј го животот во „петта позиција”.
  • Петтата позиција е една од најчесто користените балетски позиции во сценските танцови движења. Тоа е онаа позиција која треба да ја живееме. Таа треба да ни дозволи да излеземе од четирите ѕидови и да го покажеме нашето знаење пред пошироката публика. Петтата позиција  е почетокот и крајот за сите големи скокови и вртоглави, а сепак хармонични движења кои го даваат сјајот на танцот како целина.

    Програмата вклучува месечни вон-курикуларни активности, кои покрај редовните балетски часови ќе им овозможат на учениците да се стекнат со знаење за различни видови на танцови форми, театарска игра, ликовни уметности, музичка уметност. Активностите вклучуваат работилници за креативно изразување, летни балетски школи, изложби. Покрај овие активности, во текот на оваа 2018 година учениците ќе имаат можност да учествуваат во јавни настапи, меѓународни фестивали, балетски рецитали и професионални балетски продукции.

    Оваа програма е наменета првенствено за учениците на Bullfrogs Ballet School, но овозможува и вклучување на останати заинтересирани учесници.

    За повеќе информации прочитајте ТУКА!