Нашиот уметнички директор Александра Никифоровски го презентираше трудот за Техника за балетски развој на шестата научна конференција “All About People: Challenges for Science and Education” организирана од Alma Mater Europaea – во Марибор, Словенија.
-
Александра Никифоровски ја презентираше темата “Балетска педагогија, креативност и употреба на современи технологии за обезбедување на квалитет на танцовото образование во Република Македонија”
АПСТРАКТ:
Главен фокус на овој труд е креативноста и употребата на две нови иновативни методи во наставата за класичен танц во балетската педагогија – прогресивна балетска техника и флексибилност. Изобилството на фолклор во националната култура е директeн релевантен показател за истражување на феноменот на класичниот танц. Овој труд пристапува кон уметноста на танцот како неотуѓив дел од македонскиот културен живот. Авторите го опишуваат историскиот контекст на танцот, но исто така предлагаат процеси на настава и учење за разбирање на генезата на класичниот балетски систем во Македонија. Авторите истакнуваат дека најзначајната улога во квалитативното танцово образование лежи во совршената команда на класичниот систем во балетските уметности. Сепак, информатичката технологија и иновациите во областа на уметноста и кореографијата ја трансформираат уметничката реалност со помош на модерната комуникација. Оваа интеракција им овозможува на наставниците и кореографите да стигнат до ново ниво на прием. Најважната способност е да се идентификува креативниот потенцијал во образовниот процес. Тоа е суштината на наставниот метод за развивање на духовен елемент во танцувањето.
Домашните истражувања и искуствата во наставата за класичен танц во балетската педагогија е основа за истражувачкото прашање во овој труд. Во исто време, за да ја потврдат тезата, авторите ја користат позицијата и гледната точка на светски познатите теоретичари во областа на науката за балетскиот театар (квалитативен и квантитативен метод). Во овој труд се разгледува креативната соработка помеѓу образовниот процес и параметрите на современата изведба.
http://en.almamater.si/conference-programme-s165