Едукативни училишни програми

BULLFROGS BALLET PRODUCTION
  • Секоја година Bullfrogs Ballet School реализирa едукативни предавања за балет и балетска уметност во основните училишта на град Скопје.

    Целта е да придонесе кон развивање на свеста за балетската култура, запознавање на децата со придобивките и бенефитите од балетот и поттикнување на учениците уште од најрана возраст да започнат со физичка активност.

    Овие презентации се наменети за ученици на возраст од 6-14 години, а се состојат од видео- презентација и вербално предавање за балетската уметност, презентација на балетски костими, реквизити и балетска опрема, а воедно им се дава можност за посетување на бесплатни часови по класичен балет.

    Преку овие едукативни предавања учениците ќе развијат зголемена свест за:

    – вреднување на културата и културните дела

    – дека преку танцувањето се развива чувство за работа во група

    – критичност и самокритичност во оценување на сопствените достигнувања

    – дека балетот ја развива координацијата, моторичките способности, музикалноста и креативноста

    – правилно држење на телото, движење и ориентација во простор,

    – разликите на балетско изразување на другите народи и култури и ќе развијат почит кон истите.