Општествена одговорност

BULLFROGS BALLET PRODUCTION
  • Програмата за општествена одговорност на Bullfrogs Ballet ја збогатуваат мисијата и визијата преку активности со кои се допира до маргинализирани групи на деца и млади и се проширува пристапот до култура на граѓаните. Самата програма придонесува и кон јакнење на односите меѓу различните заедници, како и кон јакнење на свеста за потребата од вакви програми.

    За остварување на својата мисија и визија, ББ Продукцијата и ББ Училиштето имаат неколку програми, со чие делување го доближуваат танцот до конкретни групи на деца и млади: Фондација за момчиња, „Ние – повеќе од деца”, Едукативни предавања во училишта и стипендирање на талентирани ученици.