Aerial stretching

BULLFROGS BALLET SCHOOL
  • Aerial stretching

    Aerial stretching е техника за подобрување на флексибилноста преку вежби изведени во воздух со помош на специјализирано платно. Aerial stretching може да биде составен дел од повеќе воздушни акробатски дисциплини и уметности кои се изведуваат на платно (aerial dance, aerial yoga, aerial sling, aerial silks и сл). Покрај подобрувење на флексибилноста, оваа техника овозможува подобрување и на целокупната физичка и ментална состојба низ забава и чуство на лебдење во воздух. Часовите овозможуваат магично и возбудливо изведување на вежби за истегнување во една несекојдневна „безтежинска состојба”. Ваквиот начин на работа овозможува учениците да не забележат замор од физичката активност или болка при истегнувањето, a воедно се релаксираат. Убавината на оваа техника на платно е тоа што платно претставува личен партнер за вежбање, при што прифаќа половина од тежината на телото и прави голем дел од вежбите да бидат полесни отколку кога би се извадувале без платно.

    Учениците се распределени во 3 групи според возраста:

    Aerial stretching Junior ( 7-10 години)
    Aerial stretching Senior (11-13 години)
    Aerial stretching Teen (14-18 години)

    Секое од нивоата содржи подниво: почетно или напредно- според претходно искуство во aerial stretching, балет, друга физичка активност или природни способности и талент. Напредувањето од едно во друго ниво се одвива според возраста на ученикот, но сепак вежбите се прилагодени на можностите на ученикот, зависно дали е почетник или понапреден во нивото во кое припаѓа според возраста.

    Aerial stretching Junior
    (почетно ниво)
    Учениците се запознаваат со оваа нова техника за истегнување и со можностите кои ги нуди платното. Најпрво се изведуваат вежби на под, наменети за правилно поставување на телото при истегнување. Потоа се изведуваат вежби со делумно користење на платното, каде 50% од тежината на телото ја презема платното, а 50% останува на земја. При тоа учениците се фокусираат и на правилно дишење, како и на правилна мускулната активност при истегнувањето.

    (напредно ниво)
    Понапредните ученици исто така изведуваат вежби за правилно истегнување на под, и делумно користење на платното, но бидејќи се веќе запознаени со тоа како реагира платното при одредени движења, можат да учат нови покомплексни вежби за истегнување во воздух. Часовите опфаќаат загревање со креативни игри, вежби за кондиција и вежби за истегнување на сите мускулни групи.

    Aerial stretching Senior
    (почетно ниво)
    Учениците се запознаваат со оваа нова техника за истегнување и со можностите кои ги нуди платното. Најпрво се изведуваат вежби на под, наменети за правилно поставување на телото при истегнување. Потоа се изведуваат вежби со делумно користење на платното, каде 50% од тежината на телото ја презема платното, а 50% останува на земја. При тоа учениците се фокусираат и на правилно дишење, како и на правилна мускулната активност при истегнувањето. Во ова ниво учениците кои се почетници се мотивираат од понапрените ученици и напредувањето од почетно во напредно ниво се одвива побрзо, особено поради возраста на учениците.

    (напредно ниво)
    Понапредните ученици исто така изведуваат вежби за правилно истегнување на под, и делумно користење на платното, но бидејќи се веќе запознаени тоа како реагира платното при одредени движења, можат да учат нови покомплексни вежби за истегнување во воздух. За изведување на понапредни вежби потребен е поголем степен на флексибилност и поголема сила во мускулите на рацете која се стекнува во текот на вежбањето. Часовите опфаќаат загревање, вежби за сила и кондиција, вежби за истегнување на сите мускулни групи, креативни движења со платно и вежби за релаксација.

    Aerial stretching Teen
    (почетно ниво)
    Учениците се запознаваат со оваа нова техника за истегнување и со можностите кои ги нуди платното. Најпрво се изведуваат вежби на под, наменети за правилно поставување на телото при истегнување. Потоа се изведуваат вежби со делумно користење на платното, каде 50% од тежината на телото ја презема платното, а 50% останува на земја. При тоа учениците се фокусираат и на правилно дишење, како и на правилна мускулната активност при истегнувањето. Во ова ниво учениците кои се почетници се мотивираат од понапрените ученици и напредувањето од почетно во напредно ниво се одвива побрзо, особено поради возраста на учениците.

    (напредно ниво)
    Понапредните ученици исто така изведуваат вежби за правилно истегнување на под, и делумно користење на платното, но бидејќи се веќе запознаени тоа како реагира платното при одредени движења, можат да учат нови покомплексни вежби за истегнување во воздух. За изведување на понапредни вежби потребен е поголем степен на флексибилност и поголема сила во мускулите на рацете која се стекнува во текот на вежбањето. Часовите опфаќаат загревање, вежби за сила и кондиција, вежби за истегнување на сите мускулни групи, вежби за релаксација, како и креативни движења со платно кои на крајот на семестарот се спојуваат во кратка кореографија.

    1. Вежбите изведени со помош на платно се во корелација со потребите на балетските движења. Затоа применувањето на оваа техника е од особено значење за балетските играчи и претставува одлично надополнување на балетските часови;
    2. Примената на вежби за истегнување на платно е исто корисна и за оние кои не посетуваат балетска настава бидејќи:
    – го подобрува физичкото здравје: вежбите со инверзија на телото под дејство ја гравитацијата го издолжуваат `рбетот и ја намалуваат мускулната напнатост за над 35% во првите 10 секунди; се подобрува циркулацијата, работата на белите дробови;
    – влијае на целокупното ментално здраје: го подобрува расположението, ја подобрува функцијата на мозокот, ендокриниот систем, лимфниот систем и дигестивен систем.
    – ја зголемува просторната интелигенција преку истражување на нови можности и движења во тродимензионалниот простор.
    – ја подобрува на рамнотежата со помош на платното кое може да се движи насекаде во просторот.
    – го зајакнува и придонесува кон правилното држење на телото.

    Опрема за вежбање:

    Опремата која се користи за aerial stretching е изработена конкретно за примена во воздушни спортови и е безбедна за користење како за возрасни така и за деца. Секое платно е тестирано и може да издржи статички товар од 1400 килограми.

    Опрема за ученици:

    За потребите на оваа техника за истегнување неопходно е учениците да носат соодветна опрема за вежбање:
    Aerial stretching Junior: брендирано Bullfrogs Ballet School трико и хулахопки со отворени прсти
    Aerial stretching Senior: брендирано Bullfrogs Ballet School трико и хулахопки со отворени прсти
    Aerial stretching Teen: брендирана Bullfrogs Ballet School маичка и црни хеланки

    Косата треба да биде уредно собрана во реп или во пунџа.

    Часовите по Aerial stretching се дел од програмата за балетско образование на Bullfrogs Ballet School и се оржуваат еднаш во неделата по 60 минути, со следниот распоред:

    Aerial stretching Junior: Петок, 17:00 – 18:00, сала 2
    Aerial stretching Senior: Петок, 18:00 – 19:00, сала 2
    Aerial stretching Teen: Петок, 19:00 – 20:00, сала 2

    Инструктор: Јоана Стојчевска

    Месечен надомест за часовите по aerial stretching

    За часовите по aerial stretching за кои се склучува договор за упис, родителот/старателот на ученикот е должен за цело времетраење на договорот да исплаќа месечен паричен надомест на училиштето, во бруто износ од 1.200,00 денари со пресметано ДДВ од 18%. За сите ученици кои посетуваат балетска настава во училиштето, следува попуст и месечниот надомест изнесува 1000,00 денари.

    Училиштето нуди попуст од 10% за семестрално плаќање кое се извршува по првите 10 дена од почетокот на семестарот. Оваа опција можат да ја искористат ограничен број на ученици. Доколку би сакале да добиете информација за семестрално плаќање, контактирајте не на contact@bbschool.mk.

    Правилник

    Сeкој родител задолжително треба потпише договор за запишување на почетокот на првиот час на своето дете, за да го финализира уписот во училиштето. Со потпишување на договорот за запишување согласни сте за почитување на овој правилник на работа.

    Секој ученик може да биде отпишан во било кое време од тековната година со потпишување на договор за отпишување. Ученикот се смета за запишан се додека не биде потпишан договор за отпишување. Месечнот надомест за секој ученик се пресметува се додека не се изврши договор за отпишување.

    Паричниот надомест родителот/старателот на ученикот е должен да го уплати најдоцна до 10-тиот ден во тековниот месец. Училиштето издава фактури за тековниот месец и уплатата се врши исклучиво преку електонски пат. Фактурите се испраќаат по електронска пошта до 3-тиот ден во тековниот месец. Доколку испратите барање за издавање на фактура во печена форма, училиштето ќе Ви го овозможи истото.

    Доколку родителот/старателот на ученикот го извести овластеното лице на училиштето дека ученикот би отсуствувал од сите закажани редовни часови во тековниот месец, истиот е должен да го извести училиштето по електронски пат пред почетокот на тековниот месец и да уплати половина од определениот месечен надомест за часови, односно бруто износ од 600,00 денари со пресметано ДДВ од 18% на истиот.

    Во секој друг случај и со присуство на само дел од редовните часови во тековниот месец родителот/старателот на детето е должен да го уплати целиот износ.

    Задолжително е да го пополните и потпишете договорот за упис, кој можете да го симнете симнете ТУКА и да го донесете во просториите на училиштето за верификување на истиот. Доколку сакате да добиете печатена форма од договорот, истата можете да ја побарате и подигнете во училиштето.

    Период на настава

    Со потпишувањето на договорот и пополнување на онлајн формуларот за регистрација, родителот го запишува детето во програмата предвидена за него во соодветното ниво кое го одредило училиштето по посета на демо часот.

    Спроведувањето на програмата ќе се изведува во два семестри. Првиот семестар започнува од 01 септември до 31 јануари секоја тековна година. Вториот семестар започнува од 01 февруари и трае до 15 јуни секоја тековна година. Буллфрогс Продуцтион во месец мај ги обработува часовите од втората половина на месец јуни, како би можел вториот семестар да се затвори на 15 јуни. Овие часови се обработуваат со цел целосно да биде реализирана програмата во времетраење од 10 месеци. Во правилникот кој го добивате во прилог на овој договор, се наведени точните датуми за обработување на наставата. Агендата за точното време на обработка на часовите во месец мај, родителот ја добива по електронски пат, најдоцна до 01.04 во тековната година. Доколку, родителот не го извести училиштето, дека ученикот нема да ги посетува часовите во месец мај (за месец јуни) пред почетокот на тековниот месец, училиштето ќе смета дека ученикот ќе биде присутен и истото ќе го наплати по редовната цена за месечниот надомест.

    Датуми за обработување на четири часа (15.06-30.06) се:

    1. Прв час на 10.05.2019
    2. Втор час на 17.05.2019

    Времето кога ќе се одржат овие дополнителни часови се утврдува 1 месец пред реализирањето.

    Комуникација со родители

    Комуникацијата со родителите се одвива исклучиво преку електонска пошта. Секој родител еднаш месечно (на последниот час од месецот) може да присуствува на часот за да го проследи прогресот на своето дете. Дoполнителни кратки информации можете да добиете и на некои од нашите телефони 070 221790 и 02 3080325. Приемен ден за состанок со педагозите можете да закажете по електорснки пат.

    Прв уписен рок: 15 август – 1 септември
    Втор уписен рок: 1 септември– 1 октомври
    Трет уписен рок: 15 јануари– 1 февруари


    * Доколку во првиот уписен рок се исполни капацитетот на групата, вториот и третиот уписен рок нема да се одржат.
    Максимален број на ученици во секоја група е 8.

    За новозапишани ученици:

    Со пополнување на електонската апликацијата се резервира место, со што на ученикот му следува бесплатен демо час, кој може да се посети најдоцна 2 недели по аплицирањето. Во спротивно, Вашата апликација се смета за неважечка, поради ограничениот капацитет на училиштето.
    По посетата на демо часот одлучувате дали ќе биде склучен договорот за запишување во тековната година. Договорот потребно е да се достави во просториите на училиштето на денот на првиот час, во спротивно нема да можат да започнат со посетување на наставата.
    По потпишувањето на договорот ќе добиете известување на Вашата електронска адреса за сите потребни информации во однос на распоредот и термините на групите.

    За ученици кои продолжуваат со посетување настава:

    Веќе запишаните ученици кои за кои родителот или законскиот старател не извршил отпишување од училиштето заклучно 01 август во тековната година, училиштето смета дека ученикот го продолжува образованието во училиштето. Договорите потпишани со родителот или законскиот старател не се потпишуваат повторно. За новата распеделба на нивоата и групите на учениците, училиштето го известува родителот или законскиот старател по електронска пошта, каде јасно ќе го наведе терминнот и нивото во кое преминува ученикот во следната сезона.

    АПЛИКАЦИЈА

    * Ве молиме пополнете ги полињата со кирилична поддршка!

    Дата на раѓање:

    Колку пати неделно ќе посетува курс:


    Група:

    Вид на упис:

    ученикот за прв пат се запишува во ББСученикот веќе се школува во ББС


    Информации за родителот: