Годишен извештај

BULLFROGS BALLET PRODUCTION
  • Годишната програма на Bullfrogs Ballet School и Bullfrogs Ballet Production во 2018 година се водеше под мотото „Живеј го животот во петта позиција’’, како мото кое е директно врзано со балетската уметност, нејзиниот раст, развој и квалитет.
    Од таа причина, секоја година нашиот тим изготвува годишен извештај.

    „Петтата позиција е една од најчесто користените балетски позиции во сценските танцови движења. Тоа е онаа позиција која треба да ја живееме. Таа треба да ни дозволи да излеземе од четирите ѕидови и да го покажеме нашето знаење пред пошироката публика. Петтата позиција е почетокот и крајот за сите големи скокови и вртоглави, а сепак хармонични движења кои го даваат сјајот на танцот
    како целина.”

    Идејата позади годишната програма беше да се овозможи квалитетното балетското образование и балетската уметност да бидат достапни за децата и младите кои имаат особен талент.

    За таа цел годишната програма опфаќаше: редовни часови по класичен балет пет дена во неделата и месечни вон-курикуларни активности преку кои учениците имаа можност да посетуваат различни работилници, едукативни предавања,
    танцови перформанси, летни школи и професионални балетски продукции.
    Овој годишен извештај ги сумира сите реализирни активности во изминататa година.