Ивица, Марица и летачкото прасе

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА
  • „Ивица, Марица и летачкото прасе” е одиграна во Мај 2015 година во Салон 19 19, Скопје, со посетеност од околу 200 гледачи.

     

    Синопсис

     

    Еднаш одамна во шумата си живееле брат и сестра – Ивица и Марица и нивното верно пријателче – Летечкото прасе, кое го нарекле така бидејќи имало крила. Недалеку од нив во шумата живееле лошата вештерка Розалија, која имала 999 години. Нејзиниот служител бил грдиот и страшен Ругопко, кој всушност е маѓепсан принц. Пред да биде маѓепсан, Ругопко бил заљубен во добрата вила Добрила, која требало да стане негова жена. Добрила е единствената личност која може да го спаси Ругопко од лошата вештерка и повторно да го претвори во принц. Но, добрата вила не знаела каде живее лошата вештерка… Откако Летечкото прасе е заробено од Вештерката, Ивица и Марица тргнуваат да го спасат. Во замокот на вештерката ги пречекува грдиот Ругопко, кој им се заканува дека ќе ги затвори, а лошата вештерка ќе ги свари во големиот казан заедно со летечкото прасе. Ивица и Марица не се плашат бидејќи знаат дека Ругопко е принц кој треба да биде спасен од злото, па му кажуваат дека знаат каде е добрата вила Добрила.Откако се ослободени, Ивица и Марица се упатуваат кон добрата вила и кажуваат што се случило, па сите тројца заминуваат кон големиот и мрачен замок.Додека вештерката спие, Ругопко го ослободува летечкото прасе а потоа почнува да се бори со вештерката и ја заклучува во мрачните зандани. Ивица и Марица ја повикуваат добрата вила која го бакнува Ругопко претворајќи го повторно во принц.Розалија била претворена во добродушна старица, Ивица и Марица повторно се обединиле со летечкото прасе, а добрата вила Добрила и Ругобко си живеле заедно до крајот на животот.

     

    Режија: Бојан Лазаров

    Улоги: Ивица – Илин Столески,

                     Марица – Аница Илиќ,

                     Летечкото прасе –Магдалена Крстевска,

                     Ругопко – Давид Малиновски,

                     Вештерка – Ива Пановска,

    Наратор: Ангела Јордановска

  • ФОТОГРАФИИ  ОД ПРИМИЕРА