-
Следејќи ја својата визија за остварување на соништата на сите деца и млади и создавање на свет во кој тие ќе имаат можност да се изразуваат преку танц, ББ Училиштето секоја година доделува различни стипендии за балетко образование на сите оние кои сакаат да танцуваат и да бидат дел од нашето среќно семејство.
За различните стипендии прочитајте подолу.
Започнувајќи од 2016 година, секоја година ББ Училиштетo доделува целосна годишна стипендија за балетски часови на еден ученик кој најмногу се истакнал и напреднал во текот на изминатата учебна година. Стипендијата се доделува врз основа на резултатите од годишното тестирање кое го спроведуваат надворешни соработници – истакнати балетски уметници. Свеченото доделување на стипендијата е пред почетокот на годишниот концерт, секоја тековна година.
Претходни стипендисти:
2017/2018 година: Софија Христовска (предбалет III)
2016/2017 година: Јована Марковиќ (подготвително I)ББ Училиштето доделува целосни балетски стипендии за ученици од ранливи категории во текот на целата учебна година.
На тој начин овозможува балетското образование и балетската уметност да бидат достапни за секое дете кое има желба да танцува и да
го оствари својот сон. Покрај балетското образование стипендиите се однесуваат и за месечните вон-курикуларни активности, кои ќе им овозможат на стипендистите да се стекнат со знаење за различни видови на танцови форми, театарска игра, ликовни уметности и музичка уметност.АКТИВНИ СТИПЕНДИИ:
Балетскиот педагог Пиколи ќе додели 4 стипендии за посета на мастер класови кои ќе се одржат во Рим, во Мај 2019 година.
Стипендиите ќе опфатат балетско образование во времетраење од 5 дена. Стипендиите ги доделува DAF (Dance Arts Faculty).
Добитниците на стипендиите секој ден ќе имаат настава која опфаќа различен вид на предмети.
Натава која добитниците на стипендии ќе ја посетуваат секој ден од 09:30-16:00 часот:– Класичен балет
– Шпиц патики
– Современ балет
– Јога за балетски играчиДобиената стипендија за една недела школување во DAF (Dance Arts Faculty) изнесува 20.000 денари.
Напомена: Во стипендијата не се вклучени превозот, сместувањето и исхраната на стипендистот.Рокот за аплицирање е најдоцна до 10.02.2019
При аплицирањето потребно е да прикачите видео запис кој најдобро ги прикажува Вашите компетенции.www.danceartsfaculty.it/home/en/
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
ЗАВРШЕНИ СТИПЕНДИИ:
„Be Italian” е проект за културна размена, спроведен во партнерство помеѓу Bullfrogs Ballet Production/School и Breathing Art Company од Италија, која се фокусира на промоција и развој на танцот во светот.
Проектот за културна размена опфаќа гостување на македонски учесници на интернационалниот натпревар за танц „Сан Никола” во Бари, Италија. Овој натпревар е наменет за младите танчери, на возраст помеѓу 10 и 25 години, како соло уметници или групи, категоризирани по возраст и стил. Категориите опфаќаат класичен балет и модерен (современ танц, модерен балет, модерен/џез).
Групна стипендија за учество на Интернационалниот натпревар за танц „Сан Никола”во Бари, Италија
Пракса за студенти над 18 години во Breathing Art Company во времетраење од две недели во Декември 2018 годинаРокот за аплицирање е најдоцна до 30.10.2018
При аплицирањето потребно е да прикачите видео запис кој најдобро ги прикажува Вашите компетенции.www.breathingartcompany.com
Фондацијата за момчиња обезбедува целосни стипендии за балетски часови како и соодветна балетска опрема за часовите, за сите момчиња кои ја сакаат балетската уметност.
За повеќе информации прочитајте ТУКА!Error: Contact form not found.