-
Напредно ниво: Балет VIII
-
Учениците од оваа група мора да имаат најмалку 10 години на почетокот од учебната година.
За влез во оваа група се потребни минимум 3 години активно балетско образование.
Програмата во оваа група се заснова на програмите од нивоата 6 и 7. Ова ниво е идеално за ученици кои имаат сериозен пристап кон балетот и сакаат да развиваат професионална балетска кариера. Учениците се изложени на напредни вежби кои ги поттикнуваат да го издигнат своето ниво на танцување повисоко, истовремено работејќи на дополнително зајакнување на корпусот, нозете и стапалата. Програмата е дизајнирана да ги предизвика учениците да ги развиваат нивната музикалност, артистичко изразување и балетските еполмани.
Часовите се многу подинамични, а вежбите на штап и во средина, скоковите и вртењата се покомплексни од претходните нивоа. Се посветува големо внимание на елементи како префрлање на тежина, големи скокови и се изучува вртење на пируети (en dedans и en dehors).
Вежби на шпиц патики.
Во ова ниво се започнува со работа на шпиц патики. Бидејќи ваквата работа не доаѓа автоматски, по наполнување на одреден број години или посетување на неколку нивоа балетска настава, педагозите одлучуваат кој ученик е подготвен да започне да вежба со шпиц патики. Ваквата одлука е базирана на физичкиот развој, силината на нозете и нивото на знаење на учениците.
-
Како вашето дете да стане дел од BBS?