Програма за средно балетско образование

BULLFROGS BALLET SCHOOL
  • Средно балетско образование

    ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

    Учениците од оваа група мора да имаат најмалку 14 или 15 години на почетокот од учебната година. Во ова ниво учениците ја посетуваат наставата додека не наполнат 15 или 16 години, а по завршувањето на ова ниво продолжуваат наставата да ја посетуваат во VI одделение или во програмата за средно балетско образование.

    Во петтата година се нагласува изучувањето на следните елементи: усовршување на техниката на „удари“ (како battu); разни вртења на различни начини; се започнува со изучување на големи вртешки; развивање на слеаност при елегантни движења и растегнувања, како и при преминување од една поза во друга во хармонични движења; воведување на покомплицирани форми на адаџо; и развивање на височина во големите скокови.

    Во петтата година едукација е поделена во два семестри. Во првиот семестар се изучуваат четири лекции, додека во вториот семестар се изучуваат четири лекции.

    Овие лекции се опишани детално ТУКА!

    ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ

    Учениците од оваа група мора да имаат најмалку 14 или 15 години на почетокот од учебната година. Во ова ниво учениците ја посетуваат наставата додека не наполнат 15 или 16 години, а по завршувањето на ова ниво продолжуваат наставата да ја посетуваат во VI одделение или во програмата за средно балетско образование.

    Во оваа година се нагласува проучувањето на разни скокови и подобрувањето на квалитетот на големи скокови (отскокнување, полетност, еластичност на стапалата). Се изведуваат посложени вежби со чекори со „удирање“ кои се изведуваат со брзо темпо.
    Во шестата година едукација е поделена во два семестри. Во првиот семестар се изучуваат две лекции, додека во вториот семестар се изучуваат две лекции.

    Овие лекции се опишани детално ТУКА!

    СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

    Учениците од оваа група мора да имаат најмалку 16 или 17 години на почетокот од учебната година. Во ова ниво учениците ја посетуваат наставата додека не наполнат 17 или 18 години, а по завршувањето на ова ниво продолжуваат наставата да ја посетуваат во VII одделение или во програмата за средно балетско образование.
    Во ова ниво изведувањето на сите основни движења се одвива со завршни финеси за постигнување на совршенство во класичниот танц. Придружното темпо ја диктира брзината, во споредба со вежбите и часовите од изминатите години.

    Во првата година едукација е поделена во два семестри. Во првиот семестар се изучуваат две лекции, додека во вториот семестар се изучуваат две лекции.

    Овие лекции се опишани детално ТУКА!

    ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

    Учениците од оваа група мора да имаат најмалку 17 или 18 години на почетокот од учебната година. Во ова ниво учениците ја посетуваат наставата додека не наполнат 18 или 19 години, а по завршувањето на ова ниво продолжуваат наставата да ја посетуваат во VIII одделение или во програмата за средно балетско образование.
    Во ова ниво се истакнува физичкиот развој на виртуозноста и уметноста.
    Во првата година едукација е поделена во два семестри. Во првиот семестар се изучуваат две лекции, додека во вториот семестар се изучуваат две лекции.

    Овие лекции се опишани детално ТУКА!

    РАСПОРЕД НА ЧАСОВИ ЗА СРЕДНО БАЛЕТСКО ОБРАЗОВАНИЕ

    Петто Одделение

    Не е формирано петто одделение

    Шесто одделение

    Учениците од оваа група мора да имаат најмалку 16 години на почетокот од учебната година.
    Од понеделник до петок, 15:00 – 17:30, сала 1, педагог Елена Митева
    Вторник, 09:30 – 11:30, сала 1, педагог Елена Митевска
    Четврток, 09:30 – 11:30, сала 1, педагог Елена Митевска
    Петок, 09:30 – 11:30, сала 1, педагог Елена Митевска

    Седмо одделение

    Учениците од оваа група мора да имаат најмалку 17 години на почетокот од учебната година.
    Од понеделник до петок, 15:00 – 17:30, сала 1, педагог Елена Митева
    Вторник, 09:30 – 11:30, сала 1, педагог Елена Митевска
    Четврток, 09:30 – 11:30, сала 1, педагог Елена Митевска
    Петок, 09:30 – 11:30, сала 1, педагог Елена Митевска

    Осмо одделение

    Не е формирано осмо одделение

    ПРАВИЛНИК ЗА РАБОТА

    Запишување во балетското училиште

    Запишувањето на нови ученици во Bullfrogs Ballet School се врши преку аудиција, за да се одреди во кое ниво ученикот треба да посетува настава.
    За учениците кои се веќе запишани, прераспределбата во групи се прави според достигнатото знаење во претходната година.
    Аплицирање вршат сите ученици, електронски, во одреден рок, за да направат резервација на местото на ученикот со пополнување на онлајн формулар на

    Сeкој родител задолжително треба потпише договор за запишување на почетокот на првиот час на своето дете, за да го финализира уписот во училиштето.
    Со потпишување на договорот за запишување согласни сте за почитување на овој правилник на работа.

    Секој ученик може да биде отпишан во било кое време од тековната година со потпишување на договор за отпишување. Ученикот се смета за запишан се додека не биде потпишан договор за отпишување. Месечнот надомест за часовите за балетска уметност за секој ученик се пресметува се додека не се изврши договор за отпишување.

    Месечен надомест за часовите за балетска уметност

    За балетските часови за кои се склучува договор за упис, родителот/старателот на ученикот е должен за цело времетраење на договорот да исплаќа месечен паричен надомест на училиштето, предвиден во договорот, зависно во кое ниво, програма и предвидена школарина за тековната година каде ученикот посетува настава.

    Доколку родителот/старателот на ученикот го извести овластеното лице на училиштето дека ученикот би отсуствувал од сите закажани редовни часови во тековниот месец, истиот е должен да уплати половина од определениот месечен надомест за часови.

    Во секој друг случај, како и во случај на присуство на само дел од редовните часови во тековниот месец родителот/старателот на детето е должен да го уплати целиот износ.

    Паричниот надомест родителот/старателот на ученикот е должен да го уплати најдоцна до 10-тиот ден во тековниот месец. Училиштето издава фактури за тековниот месец и уплатата се врши исклучиво преку електонски пат. Фактурите се испраќаат по електронска пошта до 3-тиот ден во тековниот месец. Доколку испратите барање за издавање на фактура во печена форма, училиштето ќе Ви го овозможи истото. Горенаведениот износ се однесува за месечната работа на училиштето.

    Период на настава

    Со потпишувањето на договорот и пополнување на онлајн формуларот за регистрација, родителот го запишува детето во програмата предвидена за него во соодветното ниво кое го одредило училиштето по посета на демо часот.

    Спроведувањето на програмата ќе се изведува во два семестри. Првиот семестар започнува од 01 септември до 31 јануари секоја тековна година. Вториот семестар започнува од 01 февруари и трае до 15 јуни секоја тековна година. Буллфрогс Продуцтион во месец мај ги обработува часовите од втората половина на месец јуни, како би можел вториот семестар да се затвори на 15 јуни. Овие часови се обработуваат со цел целосно да биде реализирана програмата во времетраење од 10 месеци. Преку вон-корикуларната програма и потребата за подготовка на учениците за фестивали, претстави или гостувања, се закажуваат дополнителни проби со кои се надоместуваат часовите кои се обработуваат во месец мај.

    Времето и агендата кога ќе се одржат овие дополнителни часови се утврдува во дополнителен договор со родителите.

    Комуникација со родители

    Комуникацијата со родителите се одвива исклучиво преку електонска пошта. Секој родител еднаш месечно (на последниот час од месецот) може да присуствува на часот за да го проследи прогресот на своето дете. Дoполнителни кратки информации можете да добиете и на некои од нашите телефони 070 221790 и 2 3080325. Приемен ден за состанок со педагозите можете да закажете по електорснки пат.

    Годишни балетски концерти

    На крајот на секоја учебна година Bullfrogs Ballet School изведува годишен балетски концерт, а во текот на годината се исполнува репертоар на постоечките претстави.

    Учеството во балетските концерти не е задолжително. Аплицирањето за учество во годишниот балетски рецитал е преку пополнување на онлајн апликација, која се испраќа до учениците најмалку 4 месеци пред премиерното изведување.
    Костимите за балетките концерти не се финансирани од училиштето.

    Редовноста на пробите за балетските концерти се од исклучителна важност бидејќи на овие проби се работи на дополнително музичко и техничко изедначување на учениците во кореографиите.

    Периодот на одвивање на ваквите проби е околу 2 месеци, а пред започнување на истите секој ученик добива распоред на пробите кој треба да се почитува. Препорачуваме максимум отусуство од една проба за оние ученици кои го потврдиле своето учество во претставите.

    Доколку ученикот не ги посетува пробите и редовните часови, или пак има прекумерни отсусутва, неговото учество во претставата ќе биде со помал интензитет, зависно од присуството на редовните часови и закажаните проби. Учеството на ученикот е загарантирано доколку се придржувате на горенаведните правила.

    Балетски претстави и редовност на проби за истите

    Балетските претстави кои се под наша продукција и може да се подготвуваат/изведуваат низ текот на целата учебна година, се прават исклучиво со аудиција. Улогите и учеството на учениците во овие претстави е според нивото на знаење кое го поседуваат.

    Редовноста на пробите за балетските претстави е од исклучителна важност бидејќи на овие проби се работи на дополнително музичко и техничко изедначување на учениците во кореографиите. Периодот на одвивање на ваквите проби е околу 2 месеци, а пред започнување на истите секој ученик добива распоред на пробите кој треба да се почитува. Препорачуваме максимум отусуство од една проба за оние ученици кои го потврдиле своето учество во претставите.

    Доколку ученикот не ги посетува пробите, или пак има прекумерни отсусутва, ќе биде исклучен од проектот. Учеството на ученикот е загарантирано доколку се придржувате на горенаведните правила.

    Опрема

    За време на часовите по балет задолжително треба да се носи балетско трико, хулахопки во бела боја без апликации, меки балетски патики или шпиц патики. Целосната опрема се набавува во Bullfrogs Ballet School.
    За секоја група е предвидена различна боја на балетско трико, бидејќи учениците се униформирани.
    За подетални информации за чинењето на опремата и ББ Колекцијата кликнете ТУКА

    Коса

    Kосата задолжително треба да биде собрана во пунџа со укосници и шноли, кои можете да ги набавите во училиштето. Доколку имате потреба, во нашето училиште можете да посетите и обука.

    ШКОЛАРИНА СПОРЕД ПРОГРАМА ЗА СРЕДНО БАЛЕТСКО ОБРАЗОВАНИЕ

    Месечен надомест за часовите по балетска уметност

    За балетските часови за кои се склучува договор за упис, родителот/старателот на ученикот е должен за цело времетраење на договорот да исплаќа месечен паричен надомест на училиштето, во бруто износ од 8.200,00 денари.
    Училиштето нуди можност за семестрално плаќање кое се извршува по првите 10 дена од почетокот на семестарот. Цената на семестралното плаќање е пресметана со 10% попуст.
    Оваа опција можат да ја искористат ограничен број на ученици. Доколку би сакала да добиете информација за семестрално плаќање, контактирајте не на contact@bbschool.mk.

    Доколку родителот/старателот на ученикот го извести овластеното лице на училиштето дека ученикот би отсуствувал од сите закажани редовни часови во тековниот месец, истиот е должен да го извести училиштето по електронски пат пред почетокот на тековниот месец и да уплати половина од определениот месечен надомест за часови, односно бруто износ од 4.100,00 денари.

    Во секој друг случај и со присуство на само дел од редовните часови во тековниот месец родителот/старателот на детето е должен да го уплати целиот износ.

    Паричниот надомест родителот/старателот на ученикот е должен да го уплати најдоцна до 10-тиот ден во тековниот месец, а за уплатата ќе ја изврши по добиена фактура на електронска пошта. Доколку имате потреба да Ви се доставува печатена форма од месечната фактура, треба да го известите училиштето на contact@bbschool.mk. Горенаведениот износ се однесува за месечната работа на училиштето.

    Апликациите за учебната година се одвиваат во три уписни рокови и се задолжителни за сите ученици на Bullfrogs Ballet School.

    Аплицирањето се врши по електронски пат со пополнување на формуларот подолу.

    Прв уписен рок: 15 август – 1 септември
    Втор уписен рок: 1 септември– 1 октомври
    Трет уписен рок: 15 јануари-1 февруари

    Доколку во првиот уписен рок се исполни капацитетот на училиштето, вториот и третиот уписен рок нема да се одржат.

    Задолжително е да го пополните и потпишете договорот за упис, кој можете да го симнете ТУКА и да го донесете во просториите на училиштето за верификување на истиот. Доколку сакате да добиете печатена форма од договорот, истата можете да ја побарате и подигнете во училиштето.

    За ученици кои продолжуваат со посетување настава:

    Веќе запишаните ученици кои за кои родителот или законскиот старател не извршил отпишување од училиштето заклучно 01 август во тековната година, училиштето смета дека ученикот го продолжува образованието во училиштето. Договорите потпишани со родителот или законскиот старател не се потпишуваат повторно. За новата распеделба на нивоата и групите на учениците, училиштето го известува родителот или законскиот старател по електронска пошта, каде јасно ќе го наведе терминнот и нивото во кое преминува ученикот во следната сезона.

    За новозапишани ученици:

    Со пополнување на електонската апликацијата се резервира место во училиштето, со што на ученикот му следува бесплатен демо час, кој може да се посети најдоцна пет работни дена од денот на поднесување на апликацијата. Во спротивно, по истекот на петте работни дена, Вашата апликација се смета за неважечка, поради ограничениот капацитет на училиштето.

    По посетата на демо часот одлучувате дали ќе биде склучен договорот за запишување во тековната година.

    Учениците кои за прв пат се запишуваат во училиштето се должни да го потпишат договорот на денот на првиот балетски час, во спротивно нема да можат да започнат со посетување на наставата.

    По потпишувањето на договорот ќе добиете известување на Вашата електронска адреса за сите потребни информации во однос на распоредот и термините на групите.

    Напомена: Договорот кој треба да го потпишете е нужно врзан за правилникот кој можете да го прочитате и превземете ТУКА.


    АПЛИКАЦИЈА

    * Ве молиме пополнете ги полињата со кирилична поддршка!

      Дата на раѓање:

      Колку пати неделно ќе посетува курс:

      Дали ќе посетува online настава или со физичко присуство:

      Online наставаНастава со физичко присуство

      Група:

      Вид на упис:

      ученикот за прв пат се запишува во ББСученикот веќе се школува во ББС

      Информации за родителот: