- Предбалетска дивизија
- Предбалетска дивизија
- Предбалетска дивизија
- Предбалетска дивизија
- Предбалетска дивизија
- Предбалет I
- Предбалет I
- Предбалет I
- Предбалет I
- Предбалет I
- Предбалет II
- Предбалет II
- Предбалет II
- Предбалет II
- Предбалет II
- Предбалет II
- Предбалет II
- Предбалет II
- Предбалет III
- Предбалет III
- Предбалет III
- Предбалет III
- Предбалет III
- Подготвително ниво I
- Подготвително ниво I
- Подготвително ниво I
- Подготвително ниво I
- Подготвително ниво I
- Подготвително ниво I
- Подготвително ниво II
- Подготвително ниво II
- Подготвително ниво II
- Подготвително ниво II
- Подготвително ниво II
- Подготвително ниво II
-
Програма за предбалетско образование
Предбалетското образование е програма предвидена за момчиња и девојчиња на возраст од 3 до 9 години.
Предбалетското образование е поделено во три нивоа и тоа:
ПОЧЕТНО НИВО – Предбалетска дивизија, Предбалет I, Предбалет II, Предбалет III
СРЕДНО НИВО – Подготвително ниво I, Подготвително ниво II
НАПРЕДНО НИВО – Подготвително ниво IIА
За учениците од предбалетска дивизија, предбалет I, предбалет II не е потребна аудиција пред запишувањето во училиштето, бидејќи се распределуваат според возраста, додека за учениците од предбалет III, подготвително ниво I и подготвително ниво II покрај возраста се зема предвид и нивното балетско искуство и стекнато знаење.
На часовите во детските дисциплини или предбалеткото образование, учениците се запознаваат со основниот концепт предвиден во годишната програма, зависно од нивото во кое посетуваат настава. Во предбалетското образование учениците се фокусирани на основни чекори и терминологија, музикалност, флексибилност и креативно изразување.
Во овие нивоа се обрнува внимание на интеракција, креативност, кореографија и осознавање на телото и мускулите. Напредокот од ниво во ниво се заснова на годишни оценувања за техничка способност на секој ученик поединечно, неговата физичка способност, сила, напор како и редовноста и активното учество на часовите во текот на целата година.
Секоја учебна година трае од 1 септември до 15 јуни.
На крајот на секоја учебна година учениците имаат можност да учествуваат во годишен концерт за да ги истакнат нивните достигнувања во текот на целата учебна година и да стегнат искуство со сценска изведба.
Преку различните проекти на Булфрогс Продукција, учениците имаат можност да учествуваат и во балетски претстави, преку претходна аудиција.
ПРЕДБАЛЕТСКА ДИВИЗИЈА
За запишување во оваа група, учениците треба да имаат 3 или 4 години на почетокот од учебната година.
Во ова ниво учениците посетуваат настава додека не наполнат 5 години, а по завршувањето на ова ниво продолжуваат наставата да ја посетуваат во почетно ниво – предбалет I.
Во оваа група, учениците почнуваат да ги изучуваат основните елементи на креативно изразување и движење и основата на балетот. Педагозите најмногу посветуваат внимание на развивање на вештини на балетска социјализација кај децата, односно следење инструкции од балетските педагози и следење на редослед на часот. Понатаму, се работи на развивање на нивната моторика, координација и музикалност. Преку едноставни балетски движења се овозможува развој на нивното тело и ум. Самите часови предвидуваат креативни игри и приказни преку кои учениците ја развиваат својата креативност. Во оваа група постои практика на слободно изразување на крајот од секој час, каде учениците имаат простор да импровизираат танцови движења на одредена музика. Исто така, се користат одредени реквизити кои служат како помош за полесно совладување на вежбите и помнење на истите. Најважно кај учениците на оваа возраст е да бидат задоволни од часовите и да ја добијат вистинската слика за класичниот балет.ПРЕДБАЛЕТ I
За запишување во оваа група, ученицитетреба да имаат 5 години на почетокот од учебната година.
Во ова ниво учениците ја посетуваат наставата додека не наполнат 6 години, а по завршувањето на ова ниво продолжуваат наставата да ја посетуваат во почетно ниво – предбалет II.
Во оваа група учениците работат основни елементи на креативно движење и преку креативни игри тие се поттикнуваат дополнително да ги развиваат своите танцовите вештини. Учениците на оваа возраст исто така почнуват со изучување на основните елементи на балетот, најмногу со помош на балетската техника floor barre, која всушност претставува модифицирање на традиционалните балетски вежби на балетска палка, при што истите се работат во легната или седечка позиција. Преку оваа техника, малите балерини се учат правилно да го постават телото и грбот и да ги зајакнат абдоминалните мускули, за да можат во следните групи правилно да ги работат вежбите на балетска палка. На оваа возраст се посветува големо внимание на ориентација на учениците во просторот и времето, како и на изучување на вежбите кои се поврзани со ритам. Исто така, во втората година се воведуваат и вежби во дијагонала кои ја развиваат танцувалноста кај учениците.ПРЕДБАЛЕТ II
За запишување во оваа група, ученицитетреба да имаат 6 години на почетокот од учебната година.
Во ова ниво учениците ја посетуваат наставата додека не наполнат 7 години, а по завршувањето на ова ниво продолжуваат наставата да ја посетуваат во почетно ниво – предбалет III.
Во оваа група, елементите на креативно движење и танцување кои учениците ги совладале во групата предбалет I се дополнети со вежби за координација и вежби за секвентно поврзани танцови движења. Поинтензивно се работи на формација каде децата учат каде им е местото во просторот. Покрај floor barre вежбите, се работат и вежби за зајакнување на нивните нозе и стапала, но и вежби за истегнување и флексибилност на нивните тела. Се изучуваат основни вежби од класичниот балет, како што се основните позиции на рацете и нозете, plié и relevé.ПРЕДБАЛЕТ III
За запишување во оваа група, ученицитетреба да имаат 7 години на почетокот од учебната година.
Во ова ниво учениците ја посетуваат наставата додека не наполнат 8 години, a pо завршувањето на ова ниво продолжуваат наставата да ја посетуваат во средно ниво – подготвително ниво I.
Во оваа група учениците се веќе спремни за посериозни балетски часови кои ги подготвуваат за понапредните групи каде се работи целосен час на балетска палка. Елементите на креативно движење и танцување изучувани во предбалет I и предбалет II се дополнети со покомплексни елементи за координација и вежби за секвентно поврзани танцови движења. Се продолжува со floor barre вежбите и вежби за зајакнување на нивните нозе и стапала, но и вежби за истегнување и флексибилност на нивните тела. Покрај основните вежби од класичниот балет – plié и relevé – како и позициите на стапалата и рацете, тие полека започнуваат да ги изучуваат покомплексните вежби на балетска палка, мали скокови како и дел од карактерни и историски игри.ПОДГОТВИТЕЛНО НИВО I
За запишување во оваа група, ученицитетреба да имаат 8 години на почетокот од учебната година.
Во ова ниво учениците ја посетуваат наставата додека не наполнат 9 години, а по завршувањето на ова ниво продолжуваат наставата да ја посетуваат во напредно ниво – подготвително ниво II.
Часовите по класичен балет во ова ниво се по структурирани, со фокус на поставеноста и ставот на телото во класичниот балет. Вежбите за подредување, флексибилност и координација кои се работат во оваа група се посложени од оние во пред-балет III. Покрај вежбите на балетска палка, учениците почнуваат да работат основни вежби на средина на салата и основни мали скокови. Учениците во ова ниво треба да ги совладаат сите вежби на балетска палка поединечно, како и технички, така и вокабуларно за да можат во основното балетско образование да ја имаат основата потребна за побрзо совладување и следење на часовите. На ова ниво, учениците го прошируваат својот балетски вокабулар. Во ова ниво се обрнува големо внимание на рацете и грбот и целокупната поставеност на телото.
Сите вежби на балетска палка се извршуваат свртени кон балетска палка, држејќи се со двете раце.ПОДГОТВИТЕЛНО НИВО II
За запишување во оваа група, учениците треба да имаат 8 години на почетокот од учебната година. Во ова ниво учениците ја посетуваат наставата додека не наполнат 9 години, а по завршувањето на ова ниво продолжуваат наставата да ја посетуваат во рекреативната балетска програма.
Во оваа група се посветува особено внимание на физичкиот, умствениот и емоционалниот развој на учениците.
Во претходната година учениците ги изучуваат вежбите на балетска палка, основи на средина на салата, дијагонала, floor barre, основни карактерни игри. Најважно од се е во претходната година учениците да ги разберат вежбите од технички аспект, па затоа се работи во бавно темпо. Во ова ниво учениците ги работат истите вежби од минатата година, но во покомплексни комбинации, надополнети со подготвителни вежби за во основното образование.
Сите вежби на балетска палка се извршуваат свртени кон балетска палка, држејќи се со двете раце.ПОДГОТВИТЕЛНО НИВО IIA
За запишување во оваа група, учениците треба да имаат 8 години на почетокот од учебната година. Во ова ниво учениците ја посетуваат наставата додека не наполнат 10 години, а по завршувањето на ова ниво продолжуваат наставата да ја посетуваат во основно балетско образование или во I одделение.
Во оваа група се посветува особено внимание на физичкиот, умствениот и емоционалниот развој на учениците.
Во претходната година учениците ги изучуваат вежбите на балетска палка свртени со двете раце кон палката, оваа година се посветуваат на вежби со една рака на балетската палка, основи на средина на салата, дијагонала, floor barre, основни карактерни игри и историски игри. Најважно од се е во претходната година учениците да ги разберат вежбите од технички аспект, па затоа се работи во бавно темпо. Во ова ниво учениците ги работат истите вежби од минатата година, но во покомплексни комбинации, надополнети со подготвителни вежби за во основното образование.
Сите вежби на балетска палка се извршуваат се извршуваат со една рака.
Во оваа група учениците посетуваат четири пати неделно балетска настава како би можеле успешно да се подготват за основното балетско образование.
Учениците кои по ова ниво планираат своето образование да го продолжат во основното училиште, треба да се здобијат со следното ЗНАЕЊЕ!РАСПОРЕД НА ЧАСОВИ ЗА ПРЕДБАЛЕТСКО ОБРАЗОВАНИЕ
ПОЧЕТНО НИВО
Предбалетска дивизија
Учениците од оваа група мора да имаат најмалку 3 години на почетокот од учебната година.
Вторник и четврток 17:20 – 18:20, сала 1, педагози Александра Никифоровски и Ева ЏинговаПредбалет I
Учениците од оваа група мора да имаат најмалку 4 години на почетокот од учебната година.
Вторник и четврток 17:20 – 18:20, сала 1, сала 1, педагози Александра Никифоровски и Ева ЏинговаПредбалет II
Учениците од оваа група мора да имаат најмалку 5 години на почетокот од учебната година.
Понеделник и среда 17:20 – 19:40, сала 1, сала 1, педагози Александра Никифоровски и Ева ЏинговаПредбалет III
Учениците од оваа група мора да имаат најмалку 7 години на почетокот од учебната година.
Понеделник и среда 17:20 – 19:40, сала 1, сала 1, педагози Александра Никифоровски и Ева ЏинговаСРЕДНО НИВО
Подготвително ниво I
Учениците од оваа група мора да имаат најмалку 8 години на почетокот од учебната година.
Понеделник и среда 17:20 – 18:40, сала 1, педагози Александра Никифоровски и Ева ЏинговаПодготвително ниво II
Учениците од оваа група мора да имаат најмалку 8 години на почетокот од учебната година.
Понеделник и среда 19:00 – 20:20, сала 1, педагози Александра Никифоровски и Ева ЏинговаНАПРЕДНО НИВО
Подготвително ниво IIА
Учениците од оваа група мора да имаат најмалку 8 години на почетокот од учебната година.
Понеделник, вторник, среда и четврток 19:00 – 20:20, сала 1, педагози Александра Никифоровски и Ева ЏинговаПРАВИЛНИК ЗА РАБОТА
Запишување во балетското училиште
Запишувањето на нови ученици во Bullfrogs Ballet School се врши преку аудиција, за да се одреди во кое ниво ученикот треба да посетува настава.
За учениците кои се веќе запишани, прераспределбата во групи се прави според достигнатото знаење во претходната година.
Аплицирање вршат сите ученици, електронски, во одреден рок, за да направат резервација на местото на ученикот со пополнување на онлајн формулар наСeкој родител задолжително треба потпише договор за запишување на почетокот на првиот час на своето дете, за да го финализира уписот во училиштето.
Со потпишување на договорот за запишување согласни сте за почитување на овој правилник на работа.Секој ученик може да биде отпишан во било кое време од тековната година со потпишување на договор за отпишување. Ученикот се смета за запишан се додека не биде потпишан договор за отпишување. Месечнот надомест за часовите за балетска уметност за секој ученик се пресметува се додека не се изврши договор за отпишување.
Месечен надомест за часовите за балетска уметност
За балетските часови за кои се склучува договор за упис, родителот/старателот на ученикот е должен за цело времетраење на договорот да исплаќа месечен паричен надомест на училиштето, предвиден во договорот, зависно во кое ниво, програма и предвидена школарина за тековната година каде ученикот посетува настава.
Доколку родителот/старателот на ученикот го извести овластеното лице на училиштето дека ученикот би отсуствувал од сите закажани редовни часови во тековниот месец, истиот е должен да уплати половина од определениот месечен надомест за часови.
Во секој друг случај, како и во случај на присуство на само дел од редовните часови во тековниот месец родителот/старателот на детето е должен да го уплати целиот износ.
Паричниот надомест родителот/старателот на ученикот е должен да го уплати најдоцна до 10-тиот ден во тековниот месец. Училиштето издава фактури за тековниот месец и уплатата се врши исклучиво преку електонски пат. Фактурите се испраќаат по електронска пошта до 3-тиот ден во тековниот месец. Доколку испратите барање за издавање на фактура во печена форма, училиштето ќе Ви го овозможи истото. Горенаведениот износ се однесува за месечната работа на училиштето.
Период на настава
Со потпишувањето на договорот и пополнување на онлајн формуларот за регистрација, родителот го запишува детето во програмата предвидена за него во соодветното ниво кое го одредило училиштето по посета на демо часот.
Спроведувањето на програмата ќе се изведува во два семестри. Првиот семестар започнува од 01 септември до 31 јануари секоја тековна година. Вториот семестар започнува од 01 февруари и трае до 15 јуни секоја тековна година. Буллфрогс Продуцтион во месец мај ги обработува часовите од втората половина на месец јуни, како би можел вториот семестар да се затвори на 15 јуни. Овие часови се обработуваат со цел целосно да биде реализирана програмата во времетраење од 10 месеци. Во правилникот кој го добивате во прилог на овој договор, се наведени точните датуми за обработување на наставата. Агендата за точното време на обработка на часовите во месец мај, родителот ја добива по електронски пат, најдоцна до 01.04 во тековната година. Доколку, родителот не го извести училиштето, дека ученикот нема да ги посетува часовите во месец мај (за месец јуни) пред почетокот на тековниот месец, училиштето ќе смета дека ученикот ќе биде присутен и истото ќе го наплати по редовната цена за месечниот надомест.
Времето кога ќе се одржат овие дополнителни часови се утврдува 1 месец пред реализирањето.
Комуникација со родители
Комуникацијата со родителите се одвива исклучиво преку електонска пошта. Секој родител еднаш месечно (на последниот час од месецот) може да присуствува на часот за да го проследи прогресот на своето дете. Дoполнителни кратки информации можете да добиете и на некои од нашите телефони 070 221790 и 2 3080325. Приемен ден за состанок со педагозите можете да закажете по електорснки пат.
Годишни балетски концерти
На крајот на секоја учебна година Bullfrogs Ballet School изведува годишен балетски концерт, а во текот на годината се исполнува репертоар на постоечките претстави.
Учеството во балетските концерти не е задолжително. Аплицирањето за учество во годишниот балетски рецитал е преку пополнување на онлајн апликација, која се испраќа до учениците најмалку 4 месеци пред премиерното изведување.
Костимите за балетките концерти не се финансирани од училиштето.Редовноста на пробите за балетските концерти се од исклучителна важност бидејќи на овие проби се работи на дополнително музичко и техничко изедначување на учениците во кореографиите.
Периодот на одвивање на ваквите проби е околу 2 месеци, а пред започнување на истите секој ученик добива распоред на пробите кој треба да се почитува. Препорачуваме максимум отусуство од една проба за оние ученици кои го потврдиле своето учество во претставите.
Доколку ученикот не ги посетува пробите и редовните часови, или пак има прекумерни отсусутва, неговото учество во претставата ќе биде со помал интензитет, зависно од присуството на редовните часови и закажаните проби. Учеството на ученикот е загарантирано доколку се придржувате на горенаведните правила.
Балетски претстави и редовност на проби за истите
Балетските претстави кои се под наша продукција и може да се подготвуваат/изведуваат низ текот на целата учебна година, се прават исклучиво со аудиција. Улогите и учеството на учениците во овие претстави е според нивото на знаење кое го поседуваат.
Редовноста на пробите за балетските претстави е од исклучителна важност бидејќи на овие проби се работи на дополнително музичко и техничко изедначување на учениците во кореографиите. Периодот на одвивање на ваквите проби е околу 2 месеци, а пред започнување на истите секој ученик добива распоред на пробите кој треба да се почитува. Препорачуваме максимум отусуство од една проба за оние ученици кои го потврдиле своето учество во претставите.
Доколку ученикот не ги посетува пробите, или пак има прекумерни отсусутва, ќе биде исклучен од проектот. Учеството на ученикот е загарантирано доколку се придржувате на горенаведните правила.
Опрема
За време на часовите по балет задолжително треба да се носи балетско трико, хулахопки во бела боја без апликации, меки балетски патики или шпиц патики. Целосната опрема се набавува во Bullfrogs Ballet School.
За секоја група е предвидена различна боја на балетско трико, бидејќи учениците се униформирани.
За подетални информации за чинењето на опремата и ББ Колекцијата кликнете ТУКАКоса
Kосата задолжително треба да биде собрана во пунџа со укосници и шноли, кои можете да ги набавите во училиштето. Доколку имате потреба, во нашето училиште можете да посетите и обука.
ШКОЛАРИНА СПОРЕД ПРОГРАМА ЗА ПРЕДБАЛЕТСКО ОБРАЗОВАНИЕ
Месечен надомест за часовите по балетска уметност
За два часа во седмицата:
За балетските часови за кои се склучува договор за упис, родителот/старателот на ученикот е должен за цело времетраење на договорот да исплаќа месечен паричен надомест на училиштето, во бруто износ од 2.700 (за група Предбалетска дивизија и Предбалет 1) или 3.000,00 денари. (за група предбалет 2 и 3) Доколку родителот изврши упис на второ дете, месечниот надомест изнесува 2.160,00. (за група Предбалетска дивизија и Предбалет 1) или 2.400,00 денари за група предбалет 2 и 3) со пресметано или со 20% попуст.Училиштето нуди можност за семестрално плаќање кое се извршува по првите 10 дена од почетокот на семестарот. Попустот за семестралното плаќање се пресметува со 10% попуст од договерениот износ со училиштето, зависно во која група ученикот посетува настава. Оваа опција можат да ја искористат ограничен број на ученици. Доколку би сакале да добиете информација за семестрално плаќање, контактирајте не на contact@bbschool.mk.
Доколку родителот/старателот на ученикот го извести овластеното лице на училиштето дека ученикот би отсуствувал од сите закажани редовни часови во тековниот месец, истиот е должен да го извести училиштето по електронски пат пред почетокот на тековниот месец и да уплати половина од определениот месечен надомест за часови.
Во секој друг случај и со присуство на само дел од редовните часови во тековниот месец родителот/старателот на детето е должен да го уплати целиот износ.
Паричниот надомест родителот/старателот на ученикот е должен да го уплати најдоцна до 10-тиот ден во тековниот месец, а за уплатата ќе ја изврши по добиена фактура на електронска пошта. Доколку имате потреба да Ви се доставува печатена форма од месечната фактура, треба да го известите училиштето на contact@bbschool.mk. Горенаведениот износ се однесува за месечната работа на училиштето.
За три часа во седмицата:
За балетските часови за кои се склучува договор за упис, родителот/старателот на ученикот е должен за цело времетраење на договорот да исплаќа месечен паричен надомест на училиштето, во бруто износ од 3.700,00 денари. Доколку родителот изврши упис на второ дете, месечниот надомест е со 20% попуст зависно од бројот на часови кој ќе го посетува ученикот, освен во случај кога првото дете посетува само еден час во седмицата.Училиштето нуди можност за семестрално плаќање кое се извршува по првите 10 дена од почетокот на семестарот. Цената на семестралното плаќање изнесува 16.650,00 денари, всушност со 10% попуст. Оваа опција можат да ја искористат ограничен број на ученици. Доколку би сакала да добиете информација за семестрално плаќање, контактирајте не на contact@bbschool.mk.
Доколку родителот/старателот на ученикот го извести овластеното лице на училиштето дека ученикот би отсуствувал од сите закажани редовни часови во тековниот месец, истиот е должен да го извести училиштето по електронски пат пред почетокот на тековниот месец и да уплати половина од определениот месечен надомест за часови, односно бруто износ од 1.850,00 денари.
Во секој друг случај и со присуство на само дел од редовните часови во тековниот месец родителот/старателот на детето е должен да го уплати целиот износ.Паричниот надомест родителот/старателот на ученикот е должен да го уплати најдоцна до 10-тиот ден во тековниот месец, а за уплатата ќе ја изврши по добиена фактура на електронска пошта. Доколку имате потреба да Ви се доставува печатена форма од месечната фактура, треба да го известите училиштето на contact@bbschool.mk. Горенаведениот износ се однесува за месечната работа на училиштето.
Апликациите за учебната година се одвиваат во три уписни рокови и се задолжителни за сите ученици на Bullfrogs Ballet School.
Аплицирањето се врши по електронски пат со пополнување на формуларот подолу.
Прв уписен рок: 15 август – 1 септември
Втор уписен рок: 1 септември– 1 октомври
Трет уписен рок: 15 јануари-1 февруари
Доколку во првиот уписен рок се исполни капацитетот на училиштето, вториот и третиот уписен рок нема да се одржат.
Задолжително е да го пополните и потпишете договорот за упис, кој можете да го симнете ТУКА и да го донесете во просториите на училиштето за верификување на истиот. Доколку сакате да добиете печатена форма од договорот, истата можете да ја побарате и подигнете во училиштето.
За ученици кои продолжуваат со посетување настава:
Веќе запишаните ученици кои за кои родителот или законскиот старател не извршил отпишување од училиштето заклучно 01 август во тековната година, училиштето смета дека ученикот го продолжува образованието во училиштето. Договорите потпишани со родителот или законскиот старател не се потпишуваат повторно. За новата распеделба на нивоата и групите на учениците, училиштето го известува родителот или законскиот старател по електронска пошта, каде јасно ќе го наведе терминнот и нивото во кое преминува ученикот во следната сезона.
За новозапишани ученици:
Со пополнување на електонската апликацијата се резервира место во училиштето, со што на ученикот му следува бесплатен демо час, кој може да се посети најдоцна пет работни дена од денот на поднесување на апликацијата. Во спротивно, по истекот на петте работни дена, Вашата апликација се смета за неважечка, поради ограничениот капацитет на училиштето.
По посетата на демо часот одлучувате дали ќе биде склучен договорот за запишување во тековната година.
Учениците кои за прв пат се запишуваат во училиштето се должни да го потпишат договорот на денот на првиот балетски час, во спротивно нема да можат да започнат со посетување на наставата.
По потпишувањето на договорот ќе добиете известување на Вашата електронска адреса за сите потребни информации во однос на распоредот и термините на групите.
Напомена: Договорот кој треба да го потпишете е нужно врзан за правилникот кој можете да го прочитате и превземете ТУКА.
АПЛИКАЦИЈА
* Ве молиме пополнете ги полињата со кирилична поддршка!