Апликација за балетско образование

BULLFROGS BALLET SCHOOL
  • Апликациите за учебната 2018/19 година се отворени во три уписни рокови и се задолжителни за сите ученици на Bullfrogs Ballet School.

    Аплицирањето се врши  по електронски пат со пополнување на формуларот подолу.

    Прв уписен рок 15.08.2017 – 01.09.2017
    Втор уписен рок 01.09.2017 – 01.10.2017
    Трет уписен рок 01.02.2018 – 15.02.2018

    Доколку во првиот уписен рок се исполни капацитетот на училиштето, вториот и третиот уписен рок нема да се одржат.

    Задолжително е да го пополните и потпишете договорот за упис, кој можете да го симнете симнете ТУКА и да го донесете во просториите на училиштето за верификување на истиот. Доколку сакате да добиете печатена форма од договорот, истата можете да ја побарате и подигнете во училиштето.

    За ученици кои го продолжуваат договорот:

    Веќе запишани ученици кои го продолжуваат договорот се должни истиот да го достават во училиштето најдоцна од 15 до 30 септември 2017 година. По аплицирањето ќе добиете известување на Вашата електронска адреса за сите потребни информации во однос на распоредот и термините на групите.

    За новозапишани ученици:

    Со пополнување на електонската апликацијата се резервира место во училиштето, со што на ученикот му следува бесплатен демо час, кој може да се посети најдоцна пет работни дена од денот на поднесување на апликацијата. Во спротивно, по истекот на петте работни дена, Вашата апликација се смета за неважечка, поради ограничениот капацитет на училиштето.

    По посетата на демо часот одлучувате дали ќе биде склучен договорот за запишување во тековната година.

    Учениците кои за прв пат се запишуваат во училиштето се должни да го потпишат договорот на денот на првиот балетски час, во спротивно нема да можат да започнат со посетување на наставата.

    По потпишувањето на договорот ќе добиете известување на Вашата електронска адреса за сите потребни информации во однос на распоредот и термините на групите.

    Напомена: Договорот кој треба да го потпишете е нужно врзан за правилникот кој можете да го прочитате и превземете ТУКА.


     

    АПЛИКАЦИЈА

    * Ве молиме пополнете ги полињата со кирилична поддршка!

      Дата на раѓање:

      Колку пати неделно ќе посетува курс:

      Дали ќе посетува online настава или со физичко присуство:

      Online наставаНастава со физичко присуство

      Група:

      Вид на упис:

      ученикот за прв пат се запишува во ББСученикот веќе се школува во ББС

      Информации за родителот: