• Програма на летна балетска школа

    Времетраење: 2 смени по 8 дена

    I смена:   16.06.2024 – 23.06.2024

    II смена:  23.06.2024 – 30.06.2024

    Оваа година краен рок за аплицирање во сите нивоа од летните школи е 01 мај.

    Секоја година Bullfrogs Ballet реализира три интернационални летни балетски школи наменети за деца и млади балетски уметници во Охрид, Македонија.

    Летните балетски школи се под водство на уметничкиот директор, додека секоја година се поканети различни педагози за реализирање на програмата.

    Програмате е поделена на 3 целини:

    • Едукативен дел, кој опфаќа часови по класичен балет, техника на балетски развој, современ танц, часови за подобрување на флексибилноста, кондициони тренинзи, работилници на тема балет, работилници по драмска уметност, предавања за прва помош и заштите, читање книги.
    • Креативен дел, кој опфаќа креативни работилници за потикнување на учениците да се изразуваат преку различни ликовни и уметнички техники.
    • Рекреативен дел: – време за дружење и неформални активности. Минатите години рекреативниот дел се состоеше од прошетки низ градот, посета на значајни места, но и денови предвидени за плажа, но оваа година рекреативиот дел ќе го реализираме на поинаков начин или повеќе стационирани во дворот на сместувањето.

    Целта на овие балетски школи е за време на летниот период да не се наруши континуитетот на целогодишното вежбање на учениците, но и меѓусебно дружење и запознавање.

    Од минатата година имаат право да аплицираат и учесници од различни спортски категории (кои не вежбаат балет), ученици кои за прв пат ќе се соочат со спортски активности, кои ќе можат да ја следат програмата во поголемиот дел од активностите.

    До сега се реализирани 30 летни балетски школи со вкупна посетеност од 530 учесници.

    Програмата за летната школа е адаптирана според возраста и знаењето на учениците. Часовите се дизајнирани да ги предизвикаат учениците да ги развиваат нивната музикалност, артистичко изразување и балетските еполмани, како и да го издигнат своето ниво на танцување повисоко. Се работи на дополнително зајакнување на корпусот, нозете и стапалата, на посветеноста и уметничкиот интегритет на учениците. Во зависност од возраста и балетското искуство, часовите вклучуваат различно ниво на комплексност на комбинации на вежби и движења, а се воведуваат и основни вежби на шпиц патики во рамките на часовите по класичен балет (за оние ученици кои се спремни за тоа).

    КЛАСИЧЕН БАЛЕТ
    Часовите по класичен балет на летните школи се фокусирани на правилно поставување на телото на учениците за понатамошни нивоа. Се раотат различни техники, од Floor Barre – која е исклучително важна за зајакнување на абдоминалните и грбните мускули, вежби на балетска палка и вежбите кои се работат во средина на салата. Вежбите за креативно движење, танцување и координација служат како
    основа за понатамошнен физички и когнитивен развој на учениците. Се изучуваат и конкретни балетски парчиња и кратки кореографии.

    ТЕХНИКА ЗА БАЛЕТСКИ РАЗВОЈ (ПБТ)
    ПБТ е иновативна програма која им овозможува на учениците да ја разберат важноста и суштината на мускулната меморија, за постигнување на лични успеси во класичниот балет. Самата техника предвидува работење со топки,кои поради нивната мобилна природа ги тераат учениците да се фокусираат на одржување на баланс, но и на правилно поставување на телото, развивајќи мускулна меморија за класичните балетски вежби. Техниката вклучува и корективни вежби за искривувања во грбот и нозете.

    ФЛЕКСИБИЛНОСТ
    Часовите за растегнување се дизајнирани да ја подобрат флексибилноста на учениците но и да ја зајакнат нивната мускулатура, за полесно изведување на вежбите во класичниот балет и другите танцови форми. Часовите за флексибилност се прилагодени соодветно на возраста и физичката спремност на учениците и опфаќаат:
    – Вежби за загревање на мускулите и подготвување на телото за истегнување,
    – Вежби за подобрување на флексибилноста (вежби за активно и пасивно истегнување, динамичко истегнување и PNF истегнување),
    – Вежби кои ќе помогнат во одржување на силата во раце која е потребна при изведувањето на вежбите во Aerial stretching,
    – Вежби за релаксација.

    КОНДИЦИОНИ ТРЕНИНЗИ
    Врската меѓу стресот и повредата е докажана во многу истражувања, а танцувањето несомнено е стресна активност. Како и секој друг спорт, тоа бара напорно вежбање и кондиција за да се издржи највисокото ниво на физичка изведба. Важноста на кондицијата придонесува за намалување на повредите кои настануваат поради умор. Иако, пробите и настапите траат само краток период, и токму затоа се активности кои не вклучуваат многу кардио- вежби, треба да имаме кардио тренинг за да го подобриме нашето кардиореспираторно здравје кое пак ја подобрува циркулацијата и доводот на кислород во клетките.

    AERIAL STRETCHING
    Aerial stretching е техника за подобрување на флексибилноста преку вежби изведени во воздух со помош на специјализирано платно. Aerial stretching може да биде составен дел од повеќе воздушни акробатски дисциплини и уметности кои се изведуваат на платно (aerial dance, aerial yoga, aerial sling, aerial silks и сл). Покрај подобрувење на флексибилноста, оваа техника овозможува подобрување и на целокупната физичка и ментална состојба низ забава и чуство на лебдење во воздух. Часовите овозможуваат магично и возбудливо изведување на вежби за истегнување во една несекојдневна „безтежинска состојба”. Ваквиот начин на работа овозможува учениците да не забележат замор од физичката активност или болка при истегнувањето, a воедно се релаксираат. Убавината на оваа техника на платно е тоа што платно претставува личен партнер за вежбање, при што прифаќа половина од тежината на телото и прави голем дел од вежбите да бидат полесни отколку кога би се извадувале без платно.

    АНАТОМИЈА НА БАЛЕТКОТО ТЕЛО
    Предавањата за основи на балетска анатамија ги воведовме минатата година и забележавме особен интерес од страна на учесниците.
    Преку теоретско изучување на основите на анатомијата, тие го запознаваат своето тело. Изучувањето на основи на балетка анатомија им помага полесно да ги лоцираат правилните групи на муслули во конкретните вежби, што е од исклучителна важност за правилно развивање на телото за време на практичните часови.

    ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД
    Возењето велосипед е една од физичките активности со која сакаме да придонесме кон подобрување на физичката кондиција здравјето на срцето, поздрави зглобови, обликување и затегнување на мускулите, развивање на навика кај децата за користење на велосипед како превозно средство за заштита на животната средина од загадување, баланс и координација, како и подобрување на менталното здравје.

    АКТЕРСКА ИГРА
    Целта на оваа програмата е балетските играчи преку изучување на вежбите од актерска игра, да се здобијат со креативност, да ја развијат својата фантазија, експресивност, свест за себе и партнерите, да постигнат јасна емотивна изразност и создавање на визуелно јасни и чисти слики. Преку актерски етиди во кои претежно се користи телото како инструмент за пренесување на информација, карактер, содржина, односи со партнери и емоции, да се дојде до создавање на најсоодветни надворешни облици на израз. Преку различни вежби, актерската игра помага во развивање, усовршување и дооформувањето на еден балетски уметник. Програмата за актерска игра се состои од теоретско предавање за актерска игра, каде ќе бидат објаснети суштинските карактеристики и како таа е тесно поврзана со балетската уметност. Исто така во овие часови ќе се воведуваат вежби за изучување на одредени техники за пренесување на емоции, карактер, содржина и дејство, развивање на фантазија и работа со партнер.

    КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ
    Покрај едукативниот дел се оджуваат и креативни работилници кои ги потикнуваат учениците да се изразуваат преку различни ликовни и уметнички техники.

    СЛОБОДНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЗАБАВА И УЖИВАЊЕ
    – Слушање музика
    – Читање книги
    – Пливање во базен
    – Пешачење
    – Скокање на трамболина
    – Играгање друштвени игри
    – Проекции на филмови и претстави.

    07:30 – 09:00 Будење и појадок

    09:30 – 11:00 Тренинг

    11:00 – 11:30 Пауза

    11:30 – 12:30 Тренинг

    12:30 – 13:30 Ужина и Одмор

    13:30 – 15:00 Креативна работилница

    15:00 – 16:00 Ручек

    16:00 – 18:00 Време за слободни активности и прошетка во планина или во центар на градот

    16:00 – 18:00 Уметничка работилница

    19:30 – 20:30 Вечера

    20:30 – 22:30 Вечерни активности (игри од забавен и едукативен карактер, филм…)

    * Организаторите имаат право да направат промени во времето на реализирање на едукативниот дел, се со цел да бидат задоволени потребите на учениците.

    ОПШТИ УСЛОВИ

    Секој ученик кој има полни 5 години или наскоро ќе полни 5 години, има можност да биде дел од летната балетска школа. Програмата е создадена соодветно со балетското искуство и возраста на учесниците.
    За учество во Летната балетска школа потребно е да се пополни апликациониот формулар, како и да се уплати депозит за резервација на местото. Со проследување на општите услови и пополнување на апликацијата ќе се смета дека се согласувате со сите услови кои се наведени од наша страна.

    Краен рок за аплицирање е 01 мај 2024 година.

    Важно е апликацијата да биде детално пополнета и да содржи точни информации во врска со алергии и/или специфичен вид на храна која му е потребна на ученикот.
    По затворање на апликациите, но не подоцна од 1 јуни оваа година, ќе добиете повратна информација за потврда на учеството на ученикот на летната школа, како и фактура за уплата на депозитот.

    НАДОМЕСТОК И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

    Вкупниот надомест за целата летна балетска школа изснесува 16.500 МКД.

    Депозитот за резервација на место на летната школа изнесува 5.200 МКД.
    Депозитот треба да биде уплатен во рок од 10 дена по добивање на информацијата за учество, за да се резервира местото на детето.
    За остатокот од надоместокот за летната школа ќе Ви биде испратена фактура која е потребно да биде уплатена најдоцна десет дена пред почетокот на терминот на летната школа.
    Депозитот и уплатата од остатокот од износот не се враќаат во случај учесникот да ја започне летната школа и да ја напушти пред нејзиното завршување.

    Во цената на балетската школа е вклучено:

    – 7 ноќевања;
    – Храна (3 оброци и 2 ужинки во текот на денот);
    – Флаширана вода преку целиот ден;
    – Превоз од сместувањето до градот (1 или 2 пати дневно зависно од смената);
    – Школарината за балетските тренинзи;
    – Опрема и реквизити за вежбање (топки, тегови, ластици за тегнење).

    * – Превозот на релација Скопје – Охрид – Скопје, не е вклучен во цената и организацијата за пристигнување и заминување од летната школа е во организација на родителите/старателите на учесниците во договор со организаторот за време на пристигнување и заминување на летната школа.

    ОТКАЖУВАЊЕ НА УЧЕСТВО

    Во случај на откажување на учеството на детето, постои можност за рефундирање на уплатените средства во следните рокови:

    Доколку учеството од страна на родителот биде откажано најдоцна 10 дена пред почетокот на летната школа за која аплицирате, на апликантот му се враќа целосен износ од депозитот, а доколку учеството биде откажано во рок пократок од 10 дена пред почетокот на летната школа, организаторот го задржува полниот износ на депозитот.

    Доколку организаторот забележи неможност за реализација на летната школа поради вирусот КОВИД-19, има право да го откаже летувањето и притоа целосно да го рефундира уплатениот износ, уплатен од страна на учесникот.

    ПОПУСТ

    За учество на една балетска смена не следува попуст.
    За учество на две балетски смени цената на втората смена изнесува 15 000 денари.

    ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

    Секој учесник на летната школа може да порача брендирана балетска облека од училиштето, која ќе биде направена за летната балетска школа.
    Доколку сте заинтересирани да порачате балетска облека, во апликацијата пополнете го полето: „Нарачка на балетска опрема“ и внесете податоци за величина на конфекциски број на вашето дете.
    Цената на балетската облека не влегува во вкупниот надомест за балетската школа и истата не е задолжителна.

    – Брендирана Bullfrogs Summer Ballet School маичка: 1000 МКД
    – Брендиран Bullfrogs Summer Ballet School дуксер: 2500 МКД
    – Меки балетски патики Grishko: 1900 МКД

    Класичен балет

    Александра Никифоровски во текот на својот живот активно изучува класичен балет од врвни балетски педагози во Македонија. Во 2005 година работи како асистент по модерен балет во Културно информативен центар „Сцена”. Во 2006 година таа го продолжува своето балетско образование на балетската Академија СИБА во Салзбург – Австрија. Истата година таа е дел од Атинската Seresta Dance Company. Од 2009 година го продолжува своето образование кај врвни педагози – поранешната примабалерина Јагода Славева и поранешниот истакнат солист Елена Митевска од Македонската Опера и Балет. Во 2007 година работи како балетски педагог по класичен балет во балетско студио „Туту”. Пренесување на своето знаење и балетска техника е една од најјаките особини и затоа таа се одлучува во 2009 година да го основа балетското училиште Bullfrogs Ballet School каде работи како балетски педагог и кореограф. Во девет годишното работење со деца, Алексансдра има едуцирано преку 800 ученици. Низ годините Александра постојано се стреми кон напредување на својата професионална компетентност. Таа во 2017 година, во Атина посетува обука за техника за балетски развој (Progressing ballet technique) со цел да овозможи уште поквалитетно балетско образование за своите ученици. Оваа година таа ќе магистрира на Факултетот за музичка уметност – отсек балетска педагогија.

    Флексибилност и Aerial stretching

    Јоана Стојчевска тренира ритмичка гимнастика од 5 годишна возраст во спортскиот клуб „Наум Наумовски Борче“ во Скопје. Во текот на својата 10 годишна кариера има учествувано на повеќе од 40 државни натпревари, и била дел од македонската репрезентација на повеќе меѓународни и балкански натпревари. Таа е повеќекратен државен првак на Македонија во ритмичка гимнастика, а во 2006 година Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија ја прогласува за најдобра ритмичарка во својата категорија. Во склоп на тренинзите по гимнастика зема дополнителни часови по класичен балет, додека активно започнува да се занимава со балет во 2008 година. Од основањето на Bullfrogs Ballet School во 2009 година, Јоана своето балетско образование го продолжува таму. Таа станува дел од ансамблот во балетските престави: „И жената знае да вози“, „Тесеракт“ и „Аметист“. Во 2010 година Јоана станува асистент на часовите по класичен балет на почетните групи. Во 2015 година своето знаење и искуство од ритмичката гимнастика го пренесува на учениците во форма посебни часови за подобрување на флексибилноста. Во 2015 година Јоана посетува работилница за флексибилност водена од Даша Совик – руски тренер за флексибилност. Во 2016 година посетува семинар за флексибилност во Пула- Хрватска, одржана од повеќе странски инструктори. Во 2017 година започнува да тренира Aerial sling. Во 2018 година Јоана посетува обука за флексибилност за водушни спортови (Flexibility for pole and aerial) и станува сертифициран инструктор на Spin City.

    Актерска игра

    Бојан Лазаров е роден на 29.04.1991 година во Штип. Во 2009 година го завршува своето средно образование во ДМУЦ„Сергеј Михајлов“ во Штип, инструментален отсек – пијано. Од 2009 до 2013 е редовен студент на одделот за Драмски актери на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на Професор Владимир Милчин. За време на студиите е дел од повеќе работилници во Македонија, Германија, Франција, Италија, Русија… Дипломира со дипломската претставата „Прогонот и убиството на Жан-Пол Мара во изведба на трупата на дипломците“, со просек 9.59 и се здобива со стручно звање Дипломиран актер.
    Пројавува посебен интерес во областа на сценските движења и танци, па како помагател во настава по предметот Сценски движења и танци на Факултетот за драмски уметности, активно се вклучува во учебната 2014/15 година. Како актер кој покажува особен талент во движењето на сцена и танците, тој е повикан од приватното балетско училиште „Bullfrogs Ballet School“ да биде дел од неколку претстави, а потоа и како инструктор по глума во истото. Во декември 2016 успешно го брани магистерскиот труд, под менторство на Професор Кренаре Невзати – Кери, со наслов „Улогата на предметот Сценски движења и танци на патот кон телесна артикулација на идните актери“ и од 2017 година е Доцент по предметот Сценски движења и танци на Факултетот за Драмски Уметности. Во својата кариера е дел од повеќе театарски и танцови проекти, како актер, режисер и кореограф, меѓу кои: „А што потоа?“, „Ени“, „Соочување“, „Библијата“, „Мои песни, мои сништа“, „Сонот на Вилијам“, „Ивица, Марица и Летечкото прасе“, „Систем ерор“, „Шах-мат љубов моја“ итн.

    Кондициони тренинзи

    Кристина Димовска

    Сместувањето е во вила „Лаура“– Охрид. Вилата се наоѓа во населба Лескоец, оддалечена околу 3 километри од пристаништето и живописната Охридска чаршија. Секоја соба има бања, чиста постелнина и пешкири, а самата вила има дворна површина од околу 1000 м2, летниковец и многу зеленило. Кабелска телевизија и WI-FI се на располагање на учесниците.


    Како да стигнете до летната школа



      АПЛИКАЦИЈА ЗА ЛЕТНА БАЛЕТСКА ШКОЛА 2024 (Пополнете со кирилична поддршка)

      Одберете го терминот за посета на летната школа (може да одберете една или повеќе смени)

      прва смена (16.06.2024 – 23.06.2024)втора смена (23.06.2024 – 30.06.2024)

      Балетска опрема по избор (не е задолжително)