-
Датум: 05.04.2019- 08.04.2019Локација: Бари, Италија
Времетраење: 2 дена
Месец април е меѓународно признат како месец на танцот, додека на 29 април се прославува меѓународниот ден на танцот.
По тој повод одбрани ученици од Bullfrogs Ballet School да гостуваат во Бари, Италија, каде што ќе се одржи јавен настан за за одбележување на месецот на танцот и меѓународниот ден на танцот.Во рамки на оваа гостувањето се предвидени две активности:
1. Танцова изведба на учениците од Bullfrogs Ballet School на јавен настан во пресрет на меѓународниот ден на танцот
Во рамки на јавниот настан, младите танчери од Bullfrogs Ballet School од Македонија ќе ја претстават земјата со кореографски парчиња на кореографот Александра Никифоровски. На овој настан танцови изведби ќе имаат повеќе млади танчери од танцови компании од различни региони во Европа, прославувајќи го април – месецот на танцот.
2. Целодневна работилница за современ танц со италијанската кроеографка Симона де Тулио
Во рамки на гостувањето е предвидено и одржување на работилница за современ танц за млади танчери од Македонија и Италија, под менторство на италијанската кореографка Симона де Тулио од Бари.
Целта на оваа работилница е преку танц и невербално изразување да се искусат различните култури и
начини на невербална комуникација меѓу народите, преку согледување на сличностите и разликите помеѓу различните танцови култури и невербално изразување. Кореографските парчиња кои ќе бидат подготвени на работилницата ќе бидат исто така изведени на јавниот настан.
Гостувањето и перформансот претставува континуитет на проектот за културна размена „Be Italian“, меѓу Bullfrogs Ballet School и Breathing Art Company од Бари, кој се реализираше во 2018 година каде италијанската кореографка, за време на две работилници за современ танц додели шест стипендии за ова меѓународно гостување во Бари по повод одбележување на меѓународниот ден на танцот.Breathing Art Company е основана во 2005 година од страна на Симона де Tулио. Од своето основање се истакнува регионално, национално и меѓународно.
Во периотот од 2015-2017 година еприсутна на танцовата сцената во САД(Шарлот, Њујорк, Мајами, Порторико, Њупорт) со повеќе претстави.
Сите активности за кои компанијата се ангажира, се поддржани од Општината Бари, Регионот Пуља,Провинцијата Бари и е во соработка со “PugliaCreativa”, каде што е Симона Де Тулио заменик претседател.
Компанијата е вклучена во важни продукции и настани со познати уметници во Италија и странство. Од 2009 година Breathing Art Company склучува соработка соTanzcompagnie di Giessen (Германија) и Ballet METT di Hahn (Германија) за културни размени имеѓународни проекти.
Во 2010 година компанијата го создава Меѓународниот танцов натпревар “СанНикола” со меѓународни партнери: Alonzo King LINES BALLET (САД), Tanzcompagnie (Германија), Ballet METT (Германија), H.J. Foundation (Холандија), Ballet de Genève (Швајцарија), Danser Ensemble (Франција), Malta’s University и World Dance Movement.