• Датум: 16.06.2019

    Локација: Национална галерија на Македонија Мала станица

    Комисија: Снежана Филиповска, Ѓургица Јовановска и Елисавета Кушевска

    Времетраење: 1 ден

    Bullforgs Ballet School во својата годишна програма предвидува годишен испит на крајот на учебната година, преку кој се оценува годишното работење на учениците и на професорите.
    Тестирањето се одвива во период од 1 ден, каде има одредено посебен термин за секое ниво.

    Целта на овој годишен испит е да изгради систем за евалуација кој ќе ги зајакне вештините на учениците, како и техниката на предавање на педагозите. На тој начин ќе го подобри квалитетот на балетското образование кое го нуди Bullfrogs BalletSchool.

    Сметаме дека ова годишно тестирање ќе ги поттикне учениците на дисциплинирано следење на наставата во текот на целата година. Воедно ќе ги подготви учениците на изведување на вежбите под „притисок“ на надворешни членови, како и меѓусебна компетитивност, но и себенадминување.

    Годишниот испит се состои од три дела:

    •Прв дел: изведување на вежбите од годишната наставна програма по класичен балет, по која децата го учат материјалот во текот на целата година.

    •Втор дел: опфаќа оценување од страна на комисијата на секој ученик, по критериум на техничка спремност, степенот на совладување на поедноставни и посложени танцови движења, музикалност, ритмичност, концентрација.
    Паралелно се оценува и работата на помладите и новите професори по однос на нивната посветеност, концентрација, трпеливост, внимателност и умешност за пренесување на сопственото знаење.

    •Во третиот дел учениците и професорите добиваат оцени и сугестии за подобрување на техниката и се одредува степенот на развој на секој ученик одделно.

    Снежана Филиповска е доктор по балетска педагогија, како и вонреден професор на Факултетот за музичка уметност- отсек балетска педагогија. Воедно таа е стручен соработник на Bullfrogs Ballet School.

    Ѓургица Јовановска својата балетска кариера ја започнува како балетски играч. Подоцна станува професор по класичен балет во средното балетско училиште Илија Николовски Луј. Се смета за еден од поквалитетните посветени професори кои образувале ученици кои подоцна во својата кариера се стекнале со титулата првенци или солисти од прв ред. Во моментот работи како балетски критичар и е автор на неколку книги за балетската уметност во Македонија.

    Елисавета Кушовска била долгогодишен професор во средното балетско училиште Илија Николовски Луј од чии што калси произлегле голем број ученици – денеска врвни балерини и балетани на Македонската Опера и балет.
    Таа учествувала во измена и подготовка на разни наставни планови и програм во државното балетско училиште, а на нејзин прелог по долга пауза повторно се воведени полугодишните контролни испити по Класичен балет.
    Кушовска има добиено голем број дипломи, награди и признанија за педагошката дејност како и за постигнати успеси во негувањето на млади балетски кадри.
    Воедно таа е струччен соработник на Bullfrogs Ballet School.