- Танцот на кадетите
- Танцот на кадетите
- Танцот на кадетите
- Танцот на кадетите
- Танцот на кадетите
- Танцот на кадетите
-
Датум: 21.10.2019
Локација: Македонска Опера и Балет
Времетраење на подготовка: 3 месеци
Танцот на кадетите премиерно беше изведен во Јуни 2018 година, на големата сцена во Македонска опера и балет и беше посетен од околу 500 гледачи.
Во рамките на годишната програма за 2019 година се предвидува реприза на балетот која ќе биде изведена за ученици од основните училишта на подрачје на Град Скопје, понудувајќи квалитетна културна содржина од македонски автори и одиграна од млади балетски уметници од Скопје.Целта на овие годишни балетски претстави е да им се овозможи на сите ученици да настапат на вистинска театарска сцена и да го покажат тоа што го научиле во текот на годината. Воедно на тој начин децата стекнуваат искуство за настапување пред поголем аудиториум, се поттикнува нивната самодоверба и се потхранува желбата за танцување.
Синопсис:
Матурскиот бал во женското училиште треба да започне, на кој се поканети и кадетите од блиската воена академија, за заедно да го прослават матурирањето на сениорките. На почетокот девојките се подготвуваат и разубавуваат, додека директорката ги набљудува. Потоа пристигаат кадетите предводени од нивниот директор – Генерал. Започнуваат симпатичните и разни подметнувања на похрабрите кон посрамежливите кадети кои немаат храброст да ги поканат матурантките да танцуваат, први танцувања со држење за рака. Додека матурскиот бал се одвива, Генералот и се додворува на директорката, а девојките им приредуваат на кадетите серија на танци во разни форми, вклучувајќи и танц на Вилата низ која е прикажан сонот на младите. Една од матурантките и најхрабриот кадет започнуваат да танцуваат.
По серијата на танци, Генералот и директорката ги испраќаат девојките и кадетите на вечера. Откако балот завршува, матурантката со кики репчиња и еден од помладите кадети се искраднуваат од своите друштва за повторно да се сре тнат. Но нивните романтични планови се расипани од Генералот и директорката, кои исто така имаат договор да се сретнат по заминувањето на девојките и кадетите. Откако двата пара изненадно се сретнуваат и судираат во салонот, директорката ја испраќа матурантката, а Генералот го „подбира“ кадетот.Кореографија: Александра Никифоровски според Дејвид Лишин
Асистент на Кореографија: Елена Митевска, Надица Цикарска, Кристина Димовска, Џој Стаут
Репетитор: д-р проф. Снежана Филиповска
Музика: Јохан Штраус
Идејно решение за костимографија: Милена Атанасова
Изработка на костим: Сузана Булбуловска
Дизајн на шминка: Снежана А. Живковска
Дизајн на фризура: Адела Сали
Дизајн на светло: Игор Глигоров, Владо Ќулавковски и Дарко Младеновски
Дизајн на проекции: Јоана Стојчевска
Дизајн на плакат: Марк Јанура
ББТим: Јоана Стојчевска, Анастасија Б. Васиќ, Блашка Миева, Маријана Китаноска, Кристина Димовска, Александра Никифоровски
Главни улоги и ансамбл: ученици од Bullfrogs Ballet School
За оваа балетска претстава се дизајнирани балетски костими соодветни за потребите на конкретната тема и се уникатно изработени по мерки на учениците. Истите може да ги набавите во просториите на ББ Училиштето и да ги погледнете тука.
Премиерата на овој балет наиде на позитивни реакции од страна на публиката, како и на позитивни рецензии и критики од страна на реномирани балетски критичари и педагози. Во прилог се неколку кратки извадоци од истите:
– „ … Својот креативен потенцијал учениците на најдиректен начин го изразија на сцената. Заслугата за ваквиот начин на презентација на балетската уметност на пошироката публика, секако дека припаѓа на професорите во тимот на Bullfrogs Ballet School . Тие со својата работа и посветеност кон учениците на високо професионално ниво го презентираа креативнит потенцијал неодделувајќи го истиот од сложениот едукативен процес. Таквиот начин на работа заслужува посебен респект. ” – д-р. проф Снежана Филиповска
– „ … балетот „Танцот на кадетите” чија видна успешност е резултат на ученичкиот потенцијал , а особено на способностите на А. Никифоровски …“ – проф. Ѓурѓица Јовановска
– „ …одлично музикално направен балет, кој беше прекрасно изведен од страна на многу извежбани и синхронизирани ученици. Извежбаноста и синхронизацијата, како две од најбитните одлики на еден балетски ансамбл, беа надополнети со големата музикалност од страна на младите балетски уметници, правејќи го целиот балет празник за очите на секој еден присутен во публиката…“- проф. Елисавета Кушовска
Превземете го распоредот за проби во .pdf формат на линкот подолу!
Error: Contact form not found.