• Датум: 01.10.2018

    Час: 20:00 часот

    Локација: Македонски Народен Театар

    Времетраење на подготовка: 6 месеци

    Секоја година Bullforgs Ballet Production и Bullforgs Ballet School продуцира по една поголема балетска продукција, во која учество земаат одреден број на учесници одбрани по пат на аудиција.

    „Сон на летната ноќ” е балетска претстава премиерно изведена во јуни 2016 година. Поради успешната реализација, комплексноста, како и позитивните реакции на публиката, оваа година се планира репризирање на истата.

    Целта на продуцирањето поголеми и покомплексини претстави на Bullforgs Ballet School е да им овозможи на своите ученици да бидат дел од истите, а со тоа и да се допринесе кон позитивен раст на сценската и танцовата култура во Македонија.

    За „Сон на летната ноќ”

    „Сон на летната ноќ” е романтична комедија која обработува три дејствија: славењето на свадбата на кралот на Атина – Тезеј и Амазонската кралица на самовилите Хиполита; авантурите на четири млади атински љубовници; и безредието кое настанува под дејство на магија. Дејствието се одвива една летна ноќ во Атина, под месечевата светлина, а настаните се случуваат паралелно во палатата на Тезеј и во шумата во која се наоѓа кралството на самовилите.

    Кореографија: Александра Никифоровски
    Асистент на Кореографија: Елена Митевска
    Репетитор: Снежана Филиповска
    Музика: Феликс Менделсон
    Костимографија: Милена Атанасова
    Дизајн на шминка: Снежана А. Живковска
    Дизајн на проекции: Надица Панковска
    Дизајн на плакат: Филип Мирчевски

  • Запознаете со магијата позади оваа балетска продукција и сите тајни детали за нејзината подготовка погледнете подолу!