-
Bullfrogs Ballet Production во 2014 година ја основа Булфрогс Фондацијата за момчиња. Целта е да сe обезбедат финансиски средства за одржување и непречено функционирање на балетска програма наменета исклучиво за момчиња.
Фондацијата за момчиња обезбедува целосни стипендии за балетски часови како и соодветна балетска опрема. Преку кршење на стереотипите кај младите дека балетот е танц само за девојки, идејата зад Фондацијата е да ги охрабри и поддржи младите момчиња кои ја сакаат балетската уметност, да започнат со балетско образование и да развиваат балетска кариера, во средина која нагласува напорна работа, посветеност, фокус и можности за континуиран напредок.
Дополнително незаинтересираноста и стереотипниот, стигматизиран пристап кон едуцирање на момчиња во областа на балетот резултира со ситуација во која националната балетска куќа во Македонија континуирано ангажира машки балетски играчи за да ги задоволи потребите и квалитетот на балетската уметност. Токму овие состојби беа клучната мотивација на тимот на Bullfrogs да ја создаде фондацијата за момчиња.
Програмата за момчиња се базира на курикулум за почетници, составен според програмата на „Ваганова” и дополнителна програма за подобрување на физичката спремност и флексибилност. Часовите за момчиња се под раководство на истакнати балетски педагози. Воедно членовите на оваа фондција за момчиња имаат можност да бидат дел од балетските продукции на Bullfrogs Ballet Production.
-
ФОТОГРАФИИ