Фестивал за класичен балет

BULLFROGS BALLET SCHOOL
  •  

    Bullfrogs Ballet School во изминатите години во своето делување покрај подготовка на вбалетски продукции започнува да се стреми кон меѓународно претставување на своите ученици. Во јуни 2017 година зема учество на меѓународниот детски фестивал за класичен балет во Пловдив, Бугарија. На овој фестивал имаа можност да се претстават четирите учесници: Теа Стефановска, Анастасија Саша Тофовска,Каролина Бутемер и Бистра Миладеновска, кои се претставија со две варијации од класични претстави и една карактерна игра и беа избрани во првите 10 учесници за учество во гала-вечерта.

    Ова меѓународно делување претставува голема мотивација како за учениците, така и за самото училиште. Воедно се остваруваат контакти и се овозможува следење на правецот на развивање на европските училишта.

     

  • ФОТОГРАФИИ