Универзумот на малиот принц

работилница за театар и танц
  •  „Универзумот на малиот принц” е реализирана во октомври 2016 година.

     

    Оваа работилницата за театар и танц беше организирана во склоп на филмскиот фестивал Џифони и во неа учествуваа деца од различни основни училишта.

    Насловена како „Универзумот на Малиот Принц“ се заснова на мотиви од истоименатакнига на Сент Егзипери – „Малиот Принц“.

    Целта на оваа работилница беше учесниците да се запознаат со жанрот корео-драмапреку практична примена на истиот. Тие научија како се комбинираат танцот и глумата за да се произведе едно театарско, уметничко дело, притоа развивајќи ја својата креативност преку вербално изразување и гестикулации.

    На крајот од оваа работилница учениците имаа можност да го презентираат тоа што го научиле преку кратка кореодрама, изведена на свеченото затворање на фестивалот.

  • ФОТОГРАФИИ