-
Во 2016 година Bullfrogs Ballet School реализираше едукативни предавања за балетот и балетска уметност во шест основни училишта во Општина Карпош.
Целта е да придонесе кон развивање на свеста за балетската култура, запознавање на децата со придобивките и бенефитите од балетот и поттикнување на учениците уште од најрана возраст да започнат со физичка активност.
Овие презентации беа наменети за ученици на возраст од 6-14 години, а се состоеја од видео- презентација и вербално предавање за балетската уметност, презентација на балетски костими, реквизити и балетска опрема. На крај учениците играат квиз составен од прашања поврзани со темата и добиваа награди и можност за посетување на бесплатни часови по класичен балет. Вакви едукативни предавања се предвидени да се одвиваат секоја година, со цел да се опфатат сите основни училишта на градот Скопје.
-
ФОТОГРАФИИ