• Датум: 01.04.19.- 30.05.2019.
    Локација: основно училиште “Аврам Писевски”

    Пристапот до квалитетно балетско и културно образование останува нееднаков за сите, поради кластерирање на ваквите активности претежно во урбаните средини и во централното подрачје на град Скопје. На овој начин, не само што се ограничува изборот на учениците за вон-училишни активности и рекреација, туку и се стеснува потенцијалниот „базен“ од кој би се црпеле и создавале идни генерации балетски уметници.

    Овој проект го адресира наведениот проблем преку овозможување на соодветна околина, потребни средства за работа и менторски пристап до ученици од основно образование од село Бардовци. Изборот на ООУ „Аврам Писевски“ во село Бардовци, како средина во која ќе се спроведуваат проектните активности, не е случаен. Со оглед на оддалеченоста на целната група од центарот на Градот Скопје, овие деца и млади немаат можност за посета на вон-училишни активности од културно-уметнички карактер, доколку истите не се организирани во нивното целно подрачје.

    Програмата за балетско образование ќе им овозможи на учесниците настава која ќе се одвива два дена во седмицата, во просториите на ООУ „Аврам Писевски“, во времетраење од два месеци и учество во вон-курикуларните активности кои ги нуди партнерот во проектот во периодот на реализација на проектот. Активностите кои ги нуди овој проект ќе им овозможат на учениците менторски пристап за време на квалитетни и структурирани часови за балетско и културно образование. Преку вклучување во вон- курикуларните активности на овој проект ќе овозможи социјализација на учениците од ООУ „Аврам Писевски“ со врсници од други подрачја во градот Скопје.
    Целосната имплементација на овој проект ќе придонесе кон постигнување на неколку
    резултати:

    (1) Ќе се развие на свеста за културата и нејзината важност кај деца и млади од повеќе националности, особено на оние од ромската националност;
    (2) Децата и младите ќе бидат поттикнати активно да учествуваат и во идни културни активности;
    (3) Кај учениците ќе се развие зајакната свест за концептот на здраво живеење;
    (4) кај децата ќе се развие навика за квалитет на живеење и унапредување на личното и социјалното здравје во училиштата и локалната заедница;
    (5) Ќе се зголеми радоста и стабилноста во животот на децата и ќе се олеснат тензиите кои ни се наметнати од брзината на секојдневниот живот;
    (6) Ќе се подобри успехот и во формалното образование на децата и младите;
    (7) На учениците ќе им се развие поголема меморија, концентрација и ќе им се подобри социјализацијата.