Меѓународен ден на танцот

BULLFROGS BALLET SCHOOL
  • Датум: 29.04.2018

    Локација: „Школка”- Градски парк

    Организатор: Bullfrogs Ballet Production

    Учесници: ученици на Bullfrogs Ballet School и сите оние кои сакаат да бидат дел од нашето дружење, танц и забава

    Времетраење: 11:00- 14:00

    По повод меѓународниот ден на танцот, Bullfrogs Ballet Production организира уметнички настан, со цел промоција на класичниот балет како основа на секој танц и PBT- техника за балетски развој- како нов метод за подобрување на класичното балетско образование. Целта е нивно приближување до непосредната публика, во една несекојдневна средина, под отворено небо, во природа.
    Покрај тоа, бидејќи класичниот балет бара многу напорна и посветена работа, голема дисциплина и концентрација на часовите и постојаната детска желба за игра често е изоставена, во рамки на овој настан меѓу другото се предвидени друштвени игри.
    Овој спој на класичен балет, музика, танц и друштвени игри ќе создадат опуштена атмосфера каде децата и младите ќе се дружат, ќе танцуваат и на тој начин ќе го обележат меѓународниот ден на танцот.

    Во првиот дел ќе има отворање на настанот, потоа ќе следи настап на учениците од Bullfrogs Ballet School во вид на јавен час по класичен балет на отворено, каде секој заинтересиран посетител ќе може да присуствува и за момент да ја почувствува енергијата која ја шири балетот.
    Во вториот дел ќе се прикажат вежби за подобрување на флексибилноста и техниката за балетски развој (PBT).
    Во третиот дел ќе се реализираат друштвени игри и слободно танцување и забавување, каде ќе можат да се приклучат сите присутни заинтересирани деца и млади.