• Датум: 05.04.19.- 12.04.2019.
    Локација: Dance Arts Faculty, Рим, Италија
    Времетраење: 8 дена

    Оваа студиска посета во академијата ДАФ беше овозможена од маестро Емилиано Пиколи кој додели стишендии на четири ученици кои го посетија неговиот мастер клас во Скпје.
    Добитниците на стипендии на мастер класот на Емилијано Пиколи во Скопје имаа можност да посетуваат мастер класови и целосна програма на факултетот DAF (Dance Arts Faculty) во Рим, Италија во времетраење од седум дена.
    Наставата која ја посетуваа опфаќаше повеќе предмети: класичен балет, балет на шпиц патики, современ балет со повеќе различни кореографи, јога за балетски играчи, физиотерапија.
    Dance Arts Faculty им овозможи целосна стипендија на 4 ученици и еден балетски педагог од Bullfrogs Ballet School за да ја проследат програмата на факултетот.
    Искуството, напорната повеќе часовна работа, професионализмот, се неколку работи кои ги искусија учениците за овие 7 дена.
    Преку ваквите проекти учениците ја добиваат вистинската слика за балетската уметност како професија и секако позитивното е тоа дека на ваков начин на учество и соработки ќе бидат сигурни за тоа што сакаат во иднина да им биде професија.

    Dance Arts Faculty е претставува меѓународен систем за обука кој е интегриран кон тоа да ги збогати и оспособи новите генерации. ДАФ е промотор на сеопфатни уметнички иницијативи преку организирање на културни настани, едукативни иницијативи и хостинг проекти.

    Прочитајте повеќе за ДАФ на ледниот линк http://www.danceartsfaculty.it/home/daf/