Reuse

Детска креативна работилница
  • Во текот на годината Bullfrogs Ballet Production реализира неколку креативни работилници, чија цел е поттикнување на креативно размислување и изразување.

    Преку овие работилници децата имаат можност да се запознаат и да научат нови техники кои би можеле да ги применуваат и понатаму.

    Оваа работилница насловена како „Rеuse” беше водена од Надица Панковска, која на учесниците им пренесе техника со која може да се создадат најразлични предмети преку реупотреба на различни видови хартија. Како важен дел од целиот процес беше и доаѓањето до финални производи, кои понатаму децата имаа можност да ги подарат или да ги изложат на продажна изложба наменета за добротворни цели.

  • ФОТОГРАФИИ