Ние, повеќе од деца

ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ
  • „Ние – повеќе од деца” премиерно е прикажан во јуни 2011во Кино Фросина, а потоа во јуни 2012 година е прикажан на Филмски фестивал Македокс, Скопје.

    Синопсис

    Ние сме деца. Можеби сме растени поинаку, но тоа не не прави различни. Тука сме сите еднакви, сите сме деца. Часот започнува во исто време за сите. Истите правила важат за сите, тука никој нема предност пред другиот. Хармонија помеѓу бели ѕидови рефлектирани во големи огледала на пола пресечени со балетски штап.

    Четири ѕидови, место во кое сите заедно растеме, се воспитуваме, заедно осознаваме. Во ова место сите танцуваме на иста музика и зборуваме од душата. Дел сме од ова училиште и тоа е дел од нас. На ова место сонуваме, се дружиме, учиме, танцуваме. Место каде се наоѓаат дел од моите најубави спомени.

    Научивме многу работи, тука ние сме ние, секој е свој, секој е подготвен да го остварува својот сон…

    Режија: Александра Никифоровски

  • Ние, повеќе од деца