• Датум: 25.03.19.- 30.03.2019.
    Локација: Национална Фондација за игра, Белград
    Предавач: Geng Weijie, Кина
    Времетраење: 6 дена

    Овој мастер клас со балетскиот мастер Geng Weijie од Кина, беше реализиран во март 2019 година во соработка со Национална фондација за игра во Белград. Можност за учество имаа 7 ученици кои беа избрани на мастер класот на Емилијано Пиколи кој се одржа во Скопје.
    Балетската настава со мастерот по класичен балет Geng Weijie од Кина, беше предвидена преку Националната фондација за игра како едногодишна програма.
    Како дел од годишниот проект Белград Денс Фестивал, нашите ученици беа гости во училиштето каде имаа можност седум дена да работат со врвен балетски педагог.
    Покрај балетските часови, учениците имаа можност секој ден да бидат гости и на тековните претстави кои се играа во тој период низ театрите во Белград, кои беа дел од Белград Денс Фестивал, а каде настапуваа европски и светски балетски куќи и приватни компании.