Креативна работилница на ракотворби

BULLFROGS BALLET SCHOOL
  • Датум: 22.12.2018

    Локација: Булфрогс Балет

    Ментор: Блашка Миева

    Времетраење: 3 часа

    Последен датум за аплицирање: 21.12.2018 

    Во оваа интерактивна работилница преку практична работа учесниците ќе се запознаат со основните принципи за изработка на ракотворби. Форма, боја, линија, ритам, се дел од ликовните елементи кои ќе бидат опфатени во процесот на изработка. При процесот на работа децата ќе имаат можност да изработат новогодишни честитки и украси.

    Основната цел на оваа работилница е на децата да им се даде дознаење колку е важна самостојната рачна изработка на едно уметничко дело и во исто време да им овозможи посебно искуство но и забава.

    За реализација на работилницата, ќе бидат обезбедени материјали кои не се опасни за околината и се безбедни за деца.

    10:00-10:30- кратко претставување на менторот и објаснување за тоа како се созадаваат уметнички дела.

    10:30-13:00-  изработката на рачните ракотворби

    Учество во работилницата чини 500,00 денари.

    Оваа креативна работилница е наменета за деца од 5-17 годишна возраст.

    Максималниот број на учесници е 20, поради што предност ќе имаат оние кои први ќе аплицираат.

    По Вашата апликација ќе добиете повратен е-mail за начинот на плаќање и потврда за Вашето аплицирање .

    Блашка Миева има завршено средно уметничко училиште на отсекот текстил и облека. Дипломира на факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот сликарство. Таа активно работи во полето на сликарството и мозаикот и има реализирано 5 самостојни изложби и многубројни групни проекти и работилници.