Едукативни предавања во основни училишта

BULLFROGS BALLET SCHOOL
  • Датум: 25.01.2018 – 15.02.2018

    Локација: Основни училишта од општина Центар

    Предавач: Александра Никифоровски

    Времетраење: 40 минути

    Овие едукативни предавања се наменети за запознавање на учениците од основните училишта со балетот и балетската и уметност и овозможување на талентираните деца да станат дел од истата. Целта на Bullfrogs Ballet School e преку ваков вид на предавања да придонесе кон развивање на свеста за балетската култура, да ги запознае децата со придобивките од балетот и да ги поттикне уште од најрана возраст да започнат со физичка активност. Преку овие едукативни предавања учениците ќе развијат зголемена свест за:

    – вреднување на културата и културните дела

    – дека преку танцувањето се развива чувство за работа во група

    – критичност и самокритичност во оценување на сопствените достигнувања

    – дека балетот ја развива координацијата, моторичките способности, музикалноста и креативноста

    – правилно држење на телото, движење и ориентација во простор,разликите на балетско изразување на другите народи и култури и ќе развијат почит кон истите.

    Оваа активност е предвидена да се одвива секоја година, со цел да се опфатат сите основни училишта на град Скопје. Во 2016 и 2017 година се реализирани едукативни предавања во сите основни училишта на општина Карпош. Оваа година е предвидено да се опфатат основните училишта на општина Центар.

     

     

    До сега Bullfrogs Ballet School има реализирано:

    – 135 едукативни предавања за балетска уметност

    – во 5 основни училишта

    – опфатени се преку 4000 ученици

    – доделени се преку 100 дипломи за бесплатна балетска настава во времетраење од еден месец