Работилница за неокласичен балет

BULLFROGS BALLET SCHOOL
  •  Датум: 10.02.2018

    Час: 11:00-14:00 и 17:00-20:00

    Локација: Bullfrogs Ballet School

    Предавач: Теута Красники (Национален балет на Косово)

    Времетраење: 2 часа по 90 минути

    Последен датум за аплицирање: 08.02.2018

    Неокласичниот балет, за разлика од класичниот, нуди поголема слобода во изразувањето преку воведување на партерни движење и покомплексни кореографски поставки кои можат да бидат изведени како соло, партнерски или ансамблови кореографии. Карактеристично за неокласичниот балет е тоа што можат да го изведуваат само играчи кои имаат класично балетско образование. Овој стил на балет е атрактивен во современото живеење, бидејќи ги модифицира чекорите од класичниот балет и на тој начин го доближува до новите генерации.

    Целта на оваа работилница е учесниците да се запознаат со различни стилови од класичниот балет и на тој начин да можат во иднина да се определат за својот стил на професионалното делување и кариера.

    Во првиот дел ќе се објасни суштината на неокласичниот балет и синопсисот на кореографското парче кое ќе биде поставено. Потоа ќе започне етапно поставување на на истото, како би можеле учесниците да ја воочат поентата на преточувањето на чекорите од класичен во неокласичен балет. Практичното објаснување заедно со дискусија ќе им овозможи на учесниците да ја сфатат суштината и посебноста на овој стил. Во текот на работата ќе се посвети внимание на експресијата на ликот на играчот, како и на карактерот на телото.

    Учество во работилницата чини 450,00 денари со вклучен ДДВ.

    11:00 – 14:00 часот – за учесници на возраст од 10 до 14 години со минимум 3 годишно балетско искуство 

    17:00 – 20:00 часот – за учесници на возраст од 15 до 18 години со минимум 6 годишно балетско искуство

    Максимален број на учесници во една група е 15. Поради ограничениот број на места, предност ќе имаат оние кои први ќе аплицираат.

    По Вашата апликација ќе добиете повратен е-mail за начинот на плаќање и потврда за Вашето аплицирање .

    Теута Красники е солист и кореограф во Националниот балет на Косово од 2008 година. Воедно таа е надворешен соработник на Bullfrogs Ballet School од 2016 година. Во својата девет годишна кариера Теута има одиграно голем број на улоги во класични и современи балетски претстави.

  • ГАЛЕРИЈА СО ФОТОГРАФИИ ОД РАБОТИЛНИЦАТА