• There is nothing to show here!
    Slider with alias rab_karak_igri not found.
  • Датум: 24.11.2018

    Час: 10:00-13:00 и 17:00-20:00

    Локација: Bullfrogs Ballet School

    Предавач: Снежана Филиповска

    Времетраење: 3 часа по 60 минути

    Последен датум за аплицирање: 17.11.2018

    Карактерните игри се една од основните дисциплини на класичниот балет. Тие претставуваат стилизирана репрезентација на традиционалниот фолклорен и национален танц од европски земји и користат движења и музика кои се адаптирани за театарски претстави т.н. сценски танец. Карактерните игри се составен дел од балетскиот репертоар. Популарните танцови адаптации ги вклучуваат националните танци на Украина, Русија, Шпанија, Италија: „Чардаш“, „Тарантела“, „Мазурка“ итн.

    Целта на оваа едукативна работилница е да им се даде можност на учесниците да се запознаат со карактерните игри како еден од главните предмети во стручното средно балетско образование како и понатаму во железниот репертоар (претставите) на Белиот балет. Воедно, оваа работилница ќе ја развие нивната креативност и ќе поттикне откривање на нивните индивидуални способности и уметнички израз.

    Во процесот на изучување, посебно внимание ќе биде посветено на ритамот и синхронизацијата на телото со музиката, бидејќи во карактерните игри тие се доста специфични.Првиот дел се состои од теоретско предавање кое опфаќа историски осврт и објаснување на основните елементи на карактерните игри. Потоа ќе следува практично објаснување на основните карактерни позиции покрај палка, по истиот редослед како и во класичниот балет, со истата терминологија, но со различен начин на изведба. На крајот од оваа работилница учесниците ќе изучат кратко кореографско парче на конкретна карактерна игра.

    Учество во работилницата чини 500,00 денари.

    10:00 – 13:00 часот – за учесници на возраст од 10 до 14 години со минимум 3 годишно балетско искуство 

    17:00 – 20:00 часот – за учесници на возраст од 15 до 18 години со минимум 6 годишно балетско искуство 

    Максимален број на учесници во една група е 15. Поради ограничениот број на места, предност ќе имаат оние кои први ќе аплицираат.

    По Вашата апликација ќе добиете повратен е-mail за начинот на плаќање и потврда за Вашето аплицирање .

    Снежана Филиповска е доктор по балетска педагогија, како и вонреден професор на Факултетот за музичка уметност- отсек балетска педагогија. Воедно таа е стручен соработник на Bullfrogs Ballet School.

    Error: Contact form not found.


    По Вашата апликација ќе добиете повратен е-mail за начинот на плаќање и потврда за Вашето аплицирање .