Работилница за актерска игра

BULLFROGS BALLET SCHOOL
  • Датум: 15.09.2018

    Час: 10:00-11:30 и 12:00-13:30

    Локација: Bullfrogs Ballet School

    Предавач:  Бојан Лазаров

    Времетраење: 1 часа по 30 минути

    Последен датум за аплицирање: 08.09.2018

    Оваа работилницата е наменета за млади балетски уметници и опфаќа запознавање со основите на актерската игра. Развивањето на балетските играчи со актерски етиди е важен дел од балетското образование.

    Целта на оваа едукативна работилница е балетските играчи преку изучување на вежбите од актерска игра, да се здобијат со креативност, да ја развијат својата фантазија, експресивност, свест за себе и партнерите, да постигнат јасна емотивна изразност и создавање на визуелно јасни и чисти слики. Преку актерски етиди во кои претежно се користи телото како инструмент за пренесување на информација, карактер, содржина, односи со партнери и емоции, да се дојде до создавање на најсоодветни надворешни облици на израз. Преку различни вежби, актерската игра помага во развивање, усовршување и дооформувањето на еден балетски уметник.
    Првиот дел се состои од кратко теоретско предавање за актерска игра, каде ќе бидат објаснети суштинските карактеристики и како таа е тесно поврзана со балетската уметност. Потоа ќе се направат неколку вежби за изучување на одредени техники за пренесување на емоции, карактер, содржина и дејство, развивање на фантазија и работа со партнер. На крајот од оваа работилница учесниците ќе имаат можност да го презентираат тоа што го научиле и преку сопствена интерпретација да го применат во одредено парче од некоја веќе изучена балетска кореографија.

    Учество во работилницата e бесплатно.

    10:00 – 11:30 часот – за учесници на возраст од 7 до 10 години

    13:00 – 15:00 часот – за учесници на возраст од 11 до 16 години 

    Максимален број на учесници во една група е 15. Поради ограничениот број на места, предност ќе имаат оние кои први ќе аплицираат.

    По Вашата апликација ќе добиете повратен е-mail за начинот на плаќање и потврда за Вашето аплицирање .

    Бојан Лазаров е доцент на Факултетот за драмски уметности по предметот сценски движења и танци. Воедно, тој е и долгогодишен стручен соработник за актерска игра на Bullfrogs Ballet School. Тој ужива во работата со деца и млади и несебично го пренесува своето знаење.