-
Театарската претстава „Check in: Пред зграда“ се занимава со влијанието на социјалните мрежи врз способноста за игра, креативност, комуникација, физичка активност и психички развој кај децата.
Сo растењето и активно вклучување во социјалниот живот, времето во кое живееме наметнува децата активно да бидат вклучени и на социјалните мрежи, за да бидат дел од едно модерно време. Многу светски признати универзитети и истражувачи го истражувале влијанието од постојаното користење на телекомуникациски апарати и социјални мрежи кај децата и дошле до резултати кои ни укажуваат на тоа дека воопшто не влијаат добро врз нивниот развој.
Целта на проектот е преку театарски јазик, близок и разбирлив на децата да го согледаат влијанието од постојано користење на социјални медиуми и телекомуникациски апарати. Оваа претстава е наменета за сите заинтересирани деца и млади од територијата на Град Скопје, а влезот ќе биде бесплатен за сите присутни.
Сo растењето и активно вклучување во социјалниот живот, времето во кое живееме придонесе децата активно да бидат вклучени и на социјалните мрежи, за да бидат дел од едно модерно време. Многу светски признати универзитети и истражувачи го истражувале влијанието од постојаното користење на телекомуникациски апарати и социјални мрежи кај децата и дошле до резултати кои ни укажуваат на тоа дека социјалните мрежи воопшто не влијаат добро врз нивниот развој, ја пасивизираат физичката активност и активната социјализација со нивните врсници.
Согласно погоре наведениот проблем, се појавува потребата од јасно адресирање на истиот пред децата, преку промоција на здрави социјални навики. Токму театарската претстава за деца „Check in: Пред зграда“ ги обработува проблемите од влијанието на социјалните мрежи и телекомуникациски апарати врз новите генерации.