-
Датум: 18.05. 2018 – 20.05.2018
Локација: Bullfrogs Ballet School
Предавач: Симона Де Тулио- Breathing Art Company (Бари, Италија)
Времетраење: 3 дена
Последен датум за аплицирање: 10.05.2018
„Be Italian” е проект за културна размена, спроведен во партнерство помеѓу Bullfrogs Ballet Production/School и Breathing Art Company од Италија, поддржан од Италијанска амбасада. Повеќе информации за оваа културна размена може да прочитате ТУКА.
Првиот дел на оваа културна размена опфаќа работилница за современ танц под менторство на Симона Де Тулио, а вториот дел се состои од гостување на избрани македонски учесници на интернационалниот натпревар за танц „Сан Никола” во Бари, Италија.Работилница за современ танц:
Во оваа работилница учесниците ќе имаат можност да бидат дел едно „патување” низ јужно италијанската култура преку говорот на телото и танцот. Започнувајќи со класична балетска техника и “уништување” на линиите и балансот на телото се доаѓа до современ танц, чувстувајќи го и движејќи го телото на сосема нов начин. Во текот на работилницата преку современ танц ќе се изучувва контакт-техника и импровизација.
Целта на работилницата е да се открие и запознае друга култура, истовремено запознавајќи се себе си преку моќта на танцт. Воедно целта е да им се овозможи едно посебно искуство на младите балетски уметници од Македонија, да бидат дел од меѓународна работилница со странски балетски предавачи.
Детален опис на работилницата:
18 мaj 2018 – Bullfrogs Ballet School
17:00-18:00 – сала 1, учесници на возраст од 11 до 13 години.
17:30-18:30 – сала 2, учесници на возраст од 7 до 10 години.
18:00-19:30 – сала 1, учесници над 14 годишна возраст.19 маj 2018 – Bullfrogs Ballet School
17:00-18:00 – сала 1, учесници на возраст од 11 до 13 години.
17:30-18:30 – сала 2, учесници на возраст од 7 до 10 години.
18:00-19:30 – сала 1, учесници над 14 годишна возраст.20 мaj 2018 – Bullfrogs Ballet School
09:00-10:00 – сала 1, учесници на возраст од 11 до 13 години.
10:00-11:00 – сала 2, учесници на возраст од 7 до 10 години.
10:00-11:00 – сала 1, учесници над 14 годишна возраст.
12:00-13:00 – доделување на 6 награди за најталентирани учесници– Две стипендии за учесници на возраст од 10-12 години, за учество на Интернационалниот натпревар за танц „Сан Никола” во Бари, Италија и две ноќевања со појадок.
– Две стипендии за учесници на возраст од 13-15 години, за учество на Интернационалниот натпревар за танц „Сан Никола” во Бари, Италија и две ноќевања со појадок.
– Две стипендии за учесници постари од 16 години години, за учество на Интернационалниот натпревар за танц „Сан Никола” во Бари, Италија и две ноќевања со појадок.
Учество во работилницата чини 1.500,00 денари со вклучен ДДВ.
На овој повик ќе можат да аплицираат сите заинтересирани учесници на возраст од 7 – 13 години со минимум 3 годишно балетско искуство, и учеснци на возраст од 14 -18 години со минимум 6 годишно балетско искуство. Учесниците ќе бидат поделени според возраста во три групи по 15 учесници.
Поради ограничениот број на места, предност ќе имаат оние кои први ќе аплицираат.
По Вашата апликација ќе добиете повратен е-mail за начинот на плаќање и потврда за Вашето аплицирање .За Симона Де Тулио:
Симона Де Тулио е кореограф и основач на компанијата за танц Breathing Art Company од Бари, Италија. Во периодот од 2016 до 2017 година Симона Де Тулио ја претставува својата компанија во Њујорк, Порторико и Њупорт , каде учествува на фестивалот “Great Friends Dance Festival”. Во 2015 година таа e гостин кореограф во компанијата Taproot (САД) и гостин професор во FAU- Florida Atantic University (Boca Raton-Miami) и Miami Dade College каде што ги презентира делата на нејзината компанија и предава настава по современ танц. Во последните години таа е гостин кореограф во Centro Kunarte (Виторија-Шпанија), во јуниорска компанија BALLET MEET-Germany, на Tanz art festival- Германија, како и судија на меѓународниот натпревар “European Dance Competition”во Црна Гора. Таа е креатор и уметнички директор на Интернационалниот натпревар за танц Сан Никола во Бари.
За компанијата:
Breathing Art Company е основана во 2005 година од страна на Симона де Tулио. Од своето основање се истакнува регионално, национално и меѓународно. Во периотот од 2015-2017 година е присутна на танцовата сцената во САД (Шарлот, Њујорк, Мајами, Порторико, Њупорт) со повеќе претстави. Сите активности за кои компанијата се ангажира, се поддржани од Општината Бари, Регионот Пуља, Провинцијата Бари и е во соработка со “PugliaCreativa”, каде што е Симона Де Тулио заменик претседател. Компанијата е вклучена во важни продукции и настани со познати уметници во Италијаистранство. Од 2009 година. Breathing Art Company склучува соработка со Tanzcompagnie di Giessen (Германија) и Ballet METT di Hahn (Германија) за културни размени и меѓународни проекти. Во 2010 година компанијата го создава Меѓународниот танцов натпревар “Сан Никола” со меѓународни партнери: Alonzo King LINES BALLET (САД), Tanzcompagnie (Германија), Ballet METT (Германија), H.J. Foundation (Холандија), Ballet de Geneve (Швајцарија), Danser Ensemble (Франција), Malta’s University и World Dance Movement.
Интернационалниот натпревар за танц „Сан Никола” се одржува од 15-17 декември 2018 година во Бари, Италија.
“Дај шанса”, е мотото на натпреварот и целта е да им помогне на младите талентирани танчери да се поврзат со професионални меѓународни компании, академии, фестивали и кореографи преку доделување на стипендии.
Како дел од овој настан се организирани и изложби, мастер класови, конференции и предавања, со цел да се збогати го културниот живот на градот Бари, нудејќи нови односи помеѓу танцот и другите уметнички медиуми, и вклучувајќи ја публиката на различни начини.„Сан Никола”е наменет за млади танчери, на возраст од 10 до 25 години, како соло уметници или групи, поделени во категории по возраст и стил. Категориите опфаќаат класичен балет и модерен (современ танц, модерен балет и модерен/џез).
Натпреварот е создаден во соработка со повеќе меѓународни партнери, компании, академии и фестивали низ целиот свет и на тој начин нуди голем број на вредни стипендии и награди:
• летни часови во H. Jurriens Foundation од Амстердам (Paesi Bassi)
• летни часови во Island Moving Company – Америка
• часови во Budapest dance Theatre
• попуст на настани во Италија (World Dance Movement and Winter dance Convention)
• балетска опрема и делумни стипендии за летните настани во Италија