-
Датум: 01.10.19.- 15.12.2019.
Локација: Bullfrogs Ballet School
Проектот “5,6,7 СЕГА ПАК” е проект за поттикнување на бесплатни спортски активности кај младите од средните училишта на град Скопје, во времетраење од 76 дена. Минатата година беше реализиран проектот “5,6,7 СЕГА” кој заврши исклучително успешно од причина што се појави голема заинтересираност од стана на младите од средните училишта при Град Скопје за учество во проекти поврзани со физичка активност и спорт. Од таа причина и оваа година сметаме дека би било одлично да се повтори проектот под името “5,6,7 СЕГА ПАК”.
Брзиот начин и темпо на живеење во современото општество и се поголемата примена на електронските уреди придонесоа кон
пасивизирање на младите во однос на физичка активност.Дополнително, големиот обем на училишни обврски и бројните часови поминати во училишните клупи, пак придонесува кон зголемена појава на деформитети во ‘рбетот и екстремитетите кај младите. Следствено, учениците обрнуваат недоволно внимание врз физичкиот развој, што неминовно ја наметнува потребата од вон-училишни програми и активности кои соодветни, современи методи и техники ќе го подобрат квалитетот на развојот на телото и здравјето кај младите.
Без разлика на погоре наведеното, младите често одбиваат да посетуваат спортски активности кои нудат корективни вежби, бидејќи
истите не се доволно забавни и привлечни за нивното внимание. Стремејќи се кон поттикнување на физичка активност низ призма на забава, овој проект има за цел да придонесе кон овозможување физички активности за правилен развој на телото кај децата и младите, преку примена на две современи методи – ПБТ (Progressing ballet technique – техника за балетски развој) и Aerial Streching (воздушно растегнување).ПБТ е иновативна програма која иако е првично развиена за да го олесни разбирањето на учениците за важноста и суштината на мускулната меморија, многу брзо започнува да се користи за превенција и корекција на деформитети во ‘рбетот и екстремитетите, особено кај младите кои се уште се развиваат.
Техниката вклучува посебна програма со конкретни вежби кои делуваат на искривувањето на ‘рбетот и нозете на три нивоа: јуниор,
сениор и напредно ниво. Во креирањето и развојот на оваа техника се вклучени и ортопеди кои преку анализа на вежбите потврдуваат дека оваа техника е одлична за правилен развој на телото и избегнување или корекција на несакани деформитети кои можат да бидат резултат на несоодветно држење на телото. Техниката се изведува со помош на различни видови на реквизити (големи и мали топки, ластици), кои ја зголемуваат забавата кај младите.Aerial stretching е техника за подобрување на флексибилноста преку вежби изведени во воздух со помош на специјализирано платно. Aerial
stretching е составен дел од повеќе воздушни уметности кои се изведуваат на платно како aerial yoga, aerial sling, aerial silks. Покрај
подобрување на флексибилноста, оваа техника овозможува подобрување и на целокупната физичка и ментална состојба низ забава
и чувство на лебдење во воздух.Часовите овозможуваат магично и возбудливо изведување на вежби за истегнување во една несекојдневна „бестежинска состојба”. Ваквиот
начин на работа овозможува учениците да не забележат замор од физичката активност или болка при истегнувањето, a воедно се релаксираат. Убавината на оваа техника на платно е тоа што самото платно претставува на некој начин личен партнер за вежбање, при што прифаќа половина од тежината на телото и прави голем дел од вежбите да бидат полесни отколку кога би се изведувале без платно.