-
„Be Italian” – Проект за културна размена помеѓу Македонија и Италија
„Be Italian” е проект за културна размена, спроведен во партнерство помеѓу Bullfrogs Ballet Production/School и Breathing Art Company од Италија, поддржан од Италијанска амбасада.
Мисијата на проектот е да ја поддржи културната размена помеѓу двете држави, почнувајќи со промотивен и едукативен настан во Скопје, каде што Breathing Art Company ќе ја претстави италијанската културата на Јужна Италија преку работилница за современ танц. Потоа, избрани студенти од Македонија ќе го посетат градот Бари, Италија, каде што ќе учествуваат на интернационален натпревар за танц Сан Никола.
Целта на овој проект е да ги зближи децата и младите од Македонија и Италија и да се обединат под универзалниот јазик на танцот. Притоа, културната размена ќе ги воведе Македонските учесници во италијанската култура на танц и музика и ќе поттикне разбирање на различните толкувања на јазикот на телото.
Овој проект за културна размена е поделен во два дела:
Првиот дел се состои од гостување на италијанската компанија во Македонија, преку реализирање на работилница за современ танц која ќе се одвива во периодот од 18- 21 мај 2018 година во Bullfrogs Ballet School.
Втор дел од проектот опфаќа гостување на македонски учесници на интернационалниот натпревар за танц „Сан Никола” во Бари, Италија. Овој натпревар е наменет за младите танчери, на возраст помеѓу 10 и 25 години, како соло уметници или групи, категоризирани по возраст и стил. Категориите опфаќаат класичен балет и модерен (современ танц, модерен балет, модерен/џез).
За Breathing Art Company:
Breathing Art Company е основана во 2005 година од страна на Симона де Tулио. Од своето основање се истакнува регионално, национално и меѓународно. Во периотот од 2015-2017 година е присутна на танцовата сцената во САД (Шарлот, Њујорк, Мајами, Порторико, Њупорт) со повеќе претстави. Сите активности за кои компанијата се ангажира, се поддржани од Општината Бари, Регионот Пуља,Провинцијата Бари и е во соработка со “Puglia Creativa”, каде што е Симона Де Тулио заменик претседател. Компанијата е вклучена во важни продукции и настани со познати уметници во Италијаистранство. Од 2009 година Breathing Art Company склучува соработка со Tanzcompagnie di Giessen (Германија) и Ballet METT di Hahn (Германија) за културни размени имеѓународни проекти. Во 2010 година компанијата го создава Меѓународниот танцов натпревар “Сан Никола” со меѓународни партнери: Alonzo King LINES BALLET (САД), Tanzcompagnie (Германија), Ballet METT (Германија), H.J. Foundation (Холандија), Ballet de Genève (Швајцарија), Danser Ensemble (Франција), Malta’s University и World Dance Movement.